„Твоја Македонија“, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, победникот на парламентарните избори, сега на своја страна има 61 пратенички мандат. Ова денеска попладне го изјави лидерот на партијата и иден мандатар. Мицкоски тврди дека има мнозинство во Собранието.
Србија е најголем сојузник, а Бугарија најголема закана – така се произнеле граѓаните на Северна Македонија во теренската анкета на Меѓународниот републикански институт - ИРИ во февруари годинава спроведена на репрезентативен примерок во рамките на поголемо истражување во земјите од Западен Балкан.
Почнуваат разговорите кои ќе треба да доведат до формални преговори за тоа кој, покрај победничката ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде дел од идната влада. Партијата на Христијан Мицкоски не крие дека првични контакти веќе се остварени со „Вреди“ коалицјата на опозициските партии на Албанците. Владимир Мирчески
„Ја честитам изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ, честитам за изборот на сите 120 паретници во Собранието. Го честитам изборот на Силјановска-Давкова за претседател на државата“, рече Ковачевски Автор: Владимир Мирчески
Не може претседател да обединува ако има партиска книшка. Моите канцеларии ќе бидат отворени, рече Силјановска
Се уште актуелниот претседател на државата вечерва го призна поразот. Стево Пендаровски во кусото обраќање кажа дека резултатите се јасни. Им посака успех на победниците. Автор: Владимир Мирчески
Ковачевски и Мицкоски по денешното гласање излегоа со различни пораки– едниот дека државата се „крши“ меѓу европскиот пат и нови блокади, а другиот дека власта немала ниту „е“ од европско однесување во кампањата. Автор: Владимир Мирчески
Изборниот ден тече без поголеми нарушувања на процесот. Разликата од скоро 5 проценти на територијата на целата држава се должи на значително помалиот одзив за претседателските избори во средините каде доминира албанската заедница. Автор: Владимир Мирчески
Руската пропаганда е силна – е одговорот на вицепремиерката за европски прашања на Молдавија, Кристина Герасимов, на прашањето колкаво е влијанието на Кремљ врз европската иднина на нејзината земја.
Вчитај повеќе