Вака градоначалниците на десетте скопски општини ја образложија одлуката донесена на денешната координација – на владата и на Министерството за животна средина да им предложат на скопската градоначалничка, Данела Арсовска, да и се одземат ингеренциите од две јавни претпријатија – Паркови и зеленило и Комунална хигиена. Велат дека само го слушаат гласот на граѓаните кои очекуваат Скопје, како главен град, да има чисти улици, редовен јавен превоз, празни контејнери.
Градоначлниците се жалат дека со Арсовска веќе со години не само што немаат координација, туку немаат ниту основна комуникација.
Во предлогот за одзмеање на ингеренциите од Град Скопје, општинските градоначалници бараат владата да постави свои повереници во „Паркови и зеленило“ и „Комунална хигиена“ – тоа би требало да биде прва фаза во трансформацијата на овие две јавни претпријатија чија механизација и кадар потоа, според соодветна формула, би се поделиле меѓу десетте општини.
Уште пред да се соберат општинските градоначалници и да ја донесат одлуката, од кабиентот на Арсовска, преку соопштение, обвинија дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ, која има најмногу советници во Советот на градот со неизгласување на програмата за „Комунална хигиена“ директно го попречува собирањето смет.
„Целата операција на Мицкоски всушност е покривање на изневерените политички и национални ветувања, кои што беа дел од фолклорот на митинзите и по штабовите, како и на сите негови прес-конференции“, пишува во соопштението.
Набрзо по локалните избори во 2021 на кои во Скопје, со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, победи Данела Арсовска почнаа кавгите меѓу неа и Христијан Мицкоски. Таа разреши дел од директорите на скопските јавни претпријатија кои беа кадри на ВМРО-ДПМНЕ и постави свои луѓе. Оттогаш Советот на Градот, контролиран од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ги блокира плановите на Арсовска.
Денешната одлука е кулминација на судирот меѓу партиите чии кадри ги водат скопските општини и Арсовска, во кој најмногу трпат токму Скопјани.
Facebook Forum