Линкови за пристапност

За премиерот Mицкоски ситуацијата во правосудството е пример за невладеење на правото што го смета за безбедносен ризик за земјата


 Мицкоски денеска беше јасен – и по состанокот со Дамева останува на позицијата дека Судскиот, но и Советот на јавни обвинители треба да се распуштат.
Мицкоски денеска беше јасен – и по состанокот со Дамева останува на позицијата дека Судскиот, но и Советот на јавни обвинители треба да се распуштат.

Ситуацијата во судството и обвинителството за премиерот и владата е состојба на невладеење на правото, а тоа според Христијан Мицкоски е безбедносен ризик за државата. Со ваква констатција премиерот излезе од средбата со претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, една од институциите за која тој и неговата партија притискаат да бидат распуштени.

Невладеење на правото е безбедносен ризик, смета Мицкоски
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:37 0:00

Мицкоски денеска беше јасен – и по состанокот со Дамева останува на позицијата дека Судскиот, но и Советот на јавни обвинители треба да се распуштат.

Ако нема владеење на право, ако нема правна држава, ако има високо ниво на криминал и корупција, тогаш тоа е безбедносен проблем.
Христијан Мицкоски, премиер на Северна Македонија

„Ако нема владеење на право, ако нема правна држава, ако има високо ниво на криминал и корупција, тогаш тоа е безбедносен проблем. Ние како влада имаме основна задача е да ги заштитиме граѓаните и државата ако се појави безбедносен ризики. За нас, невлaдеењето на правото, криминалот, перцепцијата за корупција, елитите се безбедносен проблем и ние мора да реагираме како влада. Ова е период во кој ќе собираме предлози, идеи и потоа пред јавноста ќе излеземе со конечна позиција за тоа како ги гледаме реформите. Ние си стоиме на нашиот став за распуштање на тие институции за кои зборуваме, не очекуваме брзи резултати, но очекуваме напредок.“, изјави Христијан Мицкоски, премиер на Северна Македонија.

Од Дамева, која не беше присутна на прес-конференцијата, Мицкоски, како што рече, чул повеќе идеи и иницијативи за подобрување на ситуацијата кои заедно со сите други ќе бидат разгледувани во надлежниот ресор правда. Денеска, во детали не се навлагало. Според премиерот бадијала ќе биде носењето на најдобри можни решенија и закони ако нема вистинска волја за нивна имплементација во практика..

„Многу е едноставно, треба да се обвинува по закон, треба да се суди по закон. Тие кои треба да ги имплементираат тие закони не ги имплементираат. Врховен судија и потпретседател на Совет на обвинител се дел од коруптивен сакнадл и фатени се со пари в рака, а потоа тие се спогодуваат, има ли поеклатантен пример на немање правна држава. Што ако имаме Оценска мисија, што ако имаме 40 препораки...“, вели Христијан Мицкоски, премиер на Северна Македонија.

Мицкоски тука мисли на Оценската мисија на ЕУ која, по серијата скандали во Судскиот совет, беше во земјава и на крајот на минатата година објави 40 препораки за подобрување на состојбите во правосудството. 17 од нив се во доменот на самиот Судски совет и може брзо да се имплементираат, додека за останатите 23 неопходни се уставни и законски измени.

На идејата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ за распуштање на Судскиот и Советот на јавни обвинители се спротивстави меѓународната заедница. ЕУ, преку својот амбасадор во земјава, порача дека мора да има суштински реформи во делот на владеење на правото и во судството, но не на таков начин. Слична беше изјавата и на американската амбасадорка Анџела Агелер која рече дека се потребни реформи, но и дека секоја реформа, вклучувајќи го и Судскиот совет, треба внимателно да се направи.

XS
SM
MD
LG