Линкови за пристапност

Работата беше завршена одлично, рече Трамп за Тајната служба и полицијата по вториот обид за негов атентат


Службеници за спроведување на законот го проверуваат поранешниот дом на осомничениот за атентат на теренот за голф Трамп
Службеници за спроведување на законот го проверуваат поранешниот дом на осомничениот за атентат на теренот за голф Трамп

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ѝсе заблагодари на Тајната служба и локалната полиција доцна во неделата, по, како што рече ФБИ, очигледен обид за атентат во неговиот голф клуб во Вест Палм Бич, Флорида.

„Би сакал да им се заблагодарам на сите за вашите грижи и добри желби - ова секако беше интересен ден!“, рече Трамп на својата платформа Truth Social.

„Работата беше завршена одлично“.

Инцидентот, во кој Трамп не беше повреден, се случи два месеца откако беше застрелан во уво за време на кампањата во Пенсилванија.

Член на безбедносните служби на Трамп, што ги обезбедуваше областите на теренот за голф пред местото каде што Трамп играше во неделата, забележаа вооружен маж.

Агентите на Тајната служба пукале кон осомничениот, кој побегнал од областа и подоцна бил уапсен.

Локалниот шериф рече дека осомничениот зад себе оставил „пушка во стилот АК-47“, камера и два ранци.

„Агентот на Тајната служба заврши фантастична работа“, рече шерифот Рик Бредшо од канцеларијата на шерифот на округот Палм Бич, на брифингот што го одржаа органите на редот набргу потоа.

Американскиот претседател Џо Бајден во неделата вечерта изјави дека му олеснало оти Трамп не бил повреден.

„Како што реков многупати, нема место за политичко насилство или за какво било насилство во нашата земја, и му наредив на мојот тим да продолжи да гарантира дека Тајната служба ги има сите ресурси, способности и заштитни мерки неопходни за да се обезбеди поранешниот претседател“, рече тој.

Потпретседателката Камала Харис, која се кандидира против Трамп на претседателските избори во ноември, рече дека е „длабоко вознемирена од можниот обид за атентат на поранешниот претседател Трамп“.

„Како што рече претседателот Бајден, нашата администрација ќе се погрижи Тајната служба да ги има сите ресурси, способности и заштитни мерки неопходни за извршување на својата критична мисија“, рече Харис во изјавата.

Оваа слика преземена од AFPTV на 16 септември 2024 година го покажува Рајан Весли Роут како зборува за време на интервју на митинг во кој се повикува на хуманитарни коридори во Мариупол, во центарот на Киев, Украина, на 27 април 2022 година
Оваа слика преземена од AFPTV на 16 септември 2024 година го покажува Рајан Весли Роут како зборува за време на интервју на митинг во кој се повикува на хуманитарни коридори во Мариупол, во центарот на Киев, Украина, на 27 април 2022 година

Различни извори на национални медиуми, вклучително и Асошиетед прес, Њујорк тајмс и Фокс њуз, цитираа неименувани службеници за спроведување на законот кои го идентификуваа осомничениот како Рајан Весли Рут (58) од Хаваи.

Тие функционери зборуваа под услов да останат анонимни бидејќи не беа овластени да разговараат за тековната истрага.

Објавите на социјалните мрежи покажуваат дека Рут ја поддржувал изборната кампања на Трамп во 2020 година, но има и понови објави во кои се изразува поддршка за Бајден и Харис.

Рут, исто така, постојано зборувал за војната во Украина и се чини дека се обидувал да регрутира војници за да помогне во воените напори на Украина.

Трамп не објави никакви промени во неговиот распоред и треба да зборува во живо на Икс вечерва, од неговото одморалиште Мар-а-Лаго за да ја лансира крипто платформата на неговите синови.

Во меѓувреме, лидерите на конгресната двопартиска работна група која го истражува обидот за атентат врз Трамп на 13 јули, рекоа дека побарале брифинг од Тајната служба.

Дел од информациите во текстот се од Ројтерс и Асошиетед прес

Поврзано

XS
SM
MD
LG