Линкови за пристапност

Конгресот бара објаснување од Тајната служба за пукањето во Трамп


Републиканскиот претседателски кандидат, поранешниот претседател Доналд Трамп, е опкружен со агенти на американската Тајна служба на предизборен митинг, 13 јули 2024 година
Републиканскиот претседателски кандидат, поранешниот претседател Доналд Трамп, е опкружен со агенти на американската Тајна служба на предизборен митинг, 13 јули 2024 година

Спикерот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон, за Ен-Би-Си во неделата, вети дека законодавците ќе бараат информации за безбедносните аранжмани што овозможиле да се случи нападот врз поранешниот претседател Доналд Трамп.

„Конгресот ќе направи целосна истрага за трагедијата... за да утврди каде има пропусти во безбедноста и се` друго што американскиот народ треба да знае и заслужува да знае“, рече Џонсон.

Сослушувањето е закажано за на 22 јули на кое се очекува директорката на Тајната служба Кимберли А. Читл да сведочи.

Според извештаите во медиумите, претседателот на Комитетот за домашна безбедност на Претставничкиот дом Марк Грин, разговарал со Читл во неделата и побарал таа да му достави на неговиот Комитет обемна документација поврзана со инцидентот.

Грин, исто така, испратил писмо до секретарот за домашна безбедност Алехандро Мајоркас, во кое делумно се вели:

„Сериозноста на овој безбедносен неуспех и застрашувачки момент во историјата на нашата нација не може да се потцени. Ова предизвикува сериозна загриженост во врска со тоа како лицето можело да пристапи до покривот во домет и директна глетка од местото каде што претседателот Трамп зборувал“.

Третата истрага се очекува да ја преземе Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом.

Во неделата, претседателот на Комитетит Мајк Тарнер, на Си-Ен-Ен и ја пофали посветеноста на агентите на Тајната служба, од кои неколку го заштитија Трамп со своите тела.

Сепак, тој рече дека после пукањето треба да се одговори на многу прашања.

„Фактот што слушаме дека луѓето знаеле дека има човек на овој покрив со пиштол и се обидувал да го привлече вниманието на полицијата додека претседателот зборувал е само неверојатна причина за загриженост и мислам дека е многу фрустрирачки за сите, бидејќи веруваме дека нашите претседатели и поранешни претседатели, нашите кандидати за претседатели, имаат највисок степен на заштита и се чини дека нешто толку едноставно е изгубено“, рече Тарнер.

На страната на Сенатот, каде што демократите имаат контрола, законодавците, исто така, преземаат чекори за испитување на обидот за атентат.

Комитетот за домашна безбедност и владини прашања во понеделникот објави дека ќе започне истрага.

Претседавачот Гери Питерс и сенаторот Ренд Пол испратија заедничко писмо до високите претставници на администрацијата барајќи нивно појавување.

Исто така, во понеделникот, републиканските членови на Комитетот за правосудство на Сенатот „итно“ побараа претседателот на демократскиот комитет Дик Дурбин да закаже сослушување.

„Има многу непознати за овој обид за атентат, но неговото појавување покренува алармантни прашања и загрижености“, напишаа тие во писмото до Дурбин.

„Ние сме благодарни за храброста и несебичноста на агентите на Тајната служба и другите службеници за спроведување на законот на местото на настанот, но мораме да сфатиме како потенцијалниот атентатор успеал да пристапи до блискиот покрив со пушка со глетка на претседателот Трамп“, напишаа тие.

„Комитетот за правосудство на Сенатот има обврска да ја спроведе својата јурисдикција и надзор над Тајната служба на САД, Одделот за домашна безбедност и Федералното истражно биро за да се расветли оваа тешка работа“.

XS
SM
MD
LG