Пукањето во Доналд Трамп ја шокираше нацијата длабоко во политичката кампања која предизвикува поделби.
Делегатите на конвенцијата на Републиканската партија се собраа во сојузната држава Висконсин да се молат за нивниот кандидат и рекоа дека пукањето само ќе го направи посилен. Харисон Маселвајт е од Јужна Каролина.
„Тоа не направи сите нас, вклучително и претседателот Трамп, порешителни да се бориме и да победиме. Претседателот Трамп го има истиот дух што го имаше Винстон Черчил. Ќе се бориме со нив на плажите и во градовите. Ќе се бориме со нив на улица. И овој пат одиме да се бориме и да победиме”, вели Харисон.
Гласачот од Висконсин Џејмс Хаузер вели дека нема место за насилство во американската политика.
„Луѓето имаат свои мислења. Никој не треба да биде застрелан поради сопственото мислење. Поради тоа и гласаме. Мора да престанеме да пукаме во луѓе”, додава Хаузер.
Гласачката од Мисури, Ејми Деклу, вели дека поради тоа што Трамп го преживеал пукањето ја зголемил својата популарност.
„Секој пат кога нешто ќе му се случи, чувствувам дека тоа само ја зацврстува неговата победа уште повеќе. Достигна легендарен статус. Тој ги помина сите овие работи и продолжува да оди“, вели Деклу.
Во Њујорк, гласачите интервјуирани од Гласот на Америка беа вознемирени од тоа што значи престрелката за американската политика.
„Како и повеќето нормални луѓе, бев згрозен. Тоа е нешто што никогаш не треба да се случи во Америка. Треба да бидеме подобри од тоа што сме. И двете страни треба да бидат подобри од тоа”, вели Винсент од Њујорк.
„Зборувајте за вашите разлики. Нема потреба да се обидувате да убивате луѓе над нив”, порачува њујорчанецот Џон.
„Јас не сум обожавателка на претседателот Трамп. Го поддржувам Џо Бајден. Но, мислам дека двете страни треба малку да го ублажат тонот. Не вреди некој да го загуби животот поради политички ставови”, вели Синди, од Њујорк.
Пукањето во Трамп на митингот во Пенсилванија ја покажува потребата да се намалат политичките тензии, вели гласачката од Тенеси, Лаура Бајгер.
„Сметам дека треба да ја намалиме реториката и гневот. Зошто не можеме само да разговараме еден со друг? Ни треба единство. Треба да почнеме да разговараме едни со други, да зборуваме едни со други, да се слушаме”, додава Бајгер.
Гласачката од Пенсилванија, Кристен Билет, вели дека пукањето ја покажува потребата за поголема безбедност.
„Тажно е тоа што се случи затоа што загинаа невини луѓе. Но, се надевам дека ќе има поголема безбедност за сите во моментов додека работите малку не се смират”, вели Билет.
Назад во Висконсин, Доун Гудман верува дека насилството ќе ја промени американската политика.
„Без разлика дали бил Бајден или Трамп, да се обидеш да убиеш претседател, едноставно е погрешно. На долг рок, тој е човечко суштество без разлика дали тоа е Бајден или Трамп“, укажува Гудман.
И двете кампањи на Трамп и Бајден ја ублажија својата реторика по пукањето, за што Трамп за Њујорк пост изјави дека преработил делови од говорот за номинацијата за да се фокусира на зближување на нацијата.
Facebook Forum