Линкови за пристапност

Бајден ѝ нареди на тајната служба да го заштити Кенеди Џуниор по обидот за атентат на Трамп


Роберт Ф. Кенеди Џуниор
Роберт Ф. Кенеди Џуниор

ВАШИНГТОН (АП) - Претседателот Џо Бајден и наложи на американската тајна служба да го заштити независниот претседателски кандидат Роберт Ф. Кенеди Џуниор.

Секретарот за домашна безбедност Алехандро Мајоркас рече дека Бајден ја насочил заштитата на Кенеди „и пред и по настаните од минатиот викенд“.

Тајната служба е законски обврзана да ги заштити кандидатите за претседател и потпретседател на големите партии и нивните семејства 120 дена по општите избори, но за кандидатите од третата страна доколку има потреба.

Заканите за политичките кандидати се вообичаени, но службениците за спроведување на законот рекоа дека има пораст на насилната реторика по нападот викендов на митингот на Трамп. Мајоркас рече дека и Бајден и Трамп се „постојано предмет на закани“.

Роберт Ф. Кенеди Џуниор
Роберт Ф. Кенеди Џуниор

Кенеди, кој минатата година го предизвика Бајден за номинацијата на Демократите пред да започне со кандидирање како независен, тврди дека неговото релативно силно претставување во неколку национални анкети и дава голема тежина на неговата кандидатура.

Трамп во понеделникот и официјално стана републикански претседателски кандидат откако ги доби гласовите од доволно делегати на Националната конвенција на Републиканците. Тој не беше сериозно повреден во пукањето викендов во Пенсилванија. Во тек е независен преглед на вооружениот напад.

Мајоркас рече дека заштитата на Трамп е зајакната врз основа на „еволутивната природа на заканите како поранешен претседател“.

XS
SM
MD
LG