Линкови за пристапност

Како фотографиите од обидот за атентат на Трамп ќе влијаат на изборите во САД?


Републиканскиот претседателски кандидат, поранешниот претседател Доналд Трамп, е опкружен со агенти на американската Tајна служба по обидот за атентат на предизборен митинг, во Батлер, Пенсилванија, 13 јули 2024 година (Фото: АП/ Еван Вучи)
Републиканскиот претседателски кандидат, поранешниот претседател Доналд Трамп, е опкружен со агенти на американската Tајна служба по обидот за атентат на предизборен митинг, во Батлер, Пенсилванија, 13 јули 2024 година (Фото: АП/ Еван Вучи)

Фотографија која се појави низ светот. Крвав Доналд Трамп, крената тупаница, додека агентите на Тајната служба го симнаа поранешниот претседател од бината.

Направена од новинарот на Асошиетед прес Еван Вучи, сликата ги доловува непосредните последици од обидот за атентат на Трамп на предизборниот митинг во Пенсилванија во саботата.

Некои американски медиуми ги опишаа сликите од тој ден како легендарни. Некои велат дека имаат потенцијал да го сменат текот на претседателските избори; други коментираа за трајното наследство на фотографијата во ерата на видеото.

Но, експертите за етика гледаат како - во поларизирано време - медиумите и другите го користат покривањето на нападот.

Рон Барнет, поранешен претседател на Универзитетот за уметност и дизајн Емили Кар во Канада и експерт за слики, рече дека верува оти фотографијата може да има силно влијание.

„Легендарните ефекти на фотографијата воопшто не се за потценување“, вели Барнет за Гласот на Америка.

„Легендите всушност секогаш имаат поголем ефект од вистината, што е навистина страшна мисла, но е вистина“.

Тој додаде дека сликите од обидот за атентат го зајакнуваат наративот на кампањата на Трамп.

„Фотографијата многу се вклопува со начинот на кој тој ѝ пристапил на секоја фаза од ова, ајде да ја наречеме битка, бидејќи тој ја гледа како битка. Фотографијата, меѓу многу различни работи, сугерира дека тој е во војна и веќе во постојана опасност“, рече Барнет, кој е со седиште во Ванкувер.

Субраманиам Винсент, директор на Центарот за новинарство и медиумска етика на Универзитетот Санта Клара, рече дека прикажувањето на моментот ќе има улога во политичкиот дискурс.

„Значи, мислам дека вистинската анализа доаѓа во толкувањето каде е сликата, што претставува во наративот за американската култура, политика, оружје, насилство“, изјави тој за Гласот на Америка.

За Вучи, приоритет е регистрирањето на пукањето и последиците.

„Знаев дека ова е момент во американската историја што треба да се документира“, рече тој.

„Мислам, наша работа како новинари е да го завршиме ова“.

Додека медиумите работат на проверка на она што се случи на митингот, на социјалните мрежи се шират дезинформации.

Меѓу теориите на заговор што се споделуваат се тврдењата кои лажно велат дека политичките партии од која било страна се одговорни.

Новинарите работат на откривање на вистината.

„Нема докази за ниту една од овие теории на заговор, но тие го одразуваат видот на тврдењата што се шират во оваа многу поларизирана емоционална клима веднаш по обидот за атентат“, рече Дејвид Клепер, известувач за АП.

Два дена по нападот, Трамп се врати на сцената, овој пат за Републиканската национална конвенција во Милвоки, Висконсин.

Податоците од сајбераналитичарите PeakMetrics покажуваат дека во часовите по нападот се зголемуваат спомнувањата на социјалните мрежи за него, вели АП.

Додека поголемиот дел од објавите што ги анализираше компанијата изразија сочувство, PeakMetrics најде други кои се обидуваат да всадат теории на заговор или да шират лажни или погрешни тврдења.

XS
SM
MD
LG