Линкови за пристапност

Околу 4 милиони Американци примиле обновени ковид вакцини во септември


Околу 56,5 милиони луѓе, или 17% од населението на САД, ја примиле минатогодишната верзија на вакцините
Околу 56,5 милиони луѓе, или 17% од населението на САД, ја примиле минатогодишната верзија на вакцините

Околу 4 милиони Американци ги примија обновените вакцини за ковид во септември, според Одделот за здравство и човечки услуги на САД, иако на некои луѓе им било тешко да закажат термини за вакцинација.

„Администрацијата на Бајден-Харис, преку Одделот за здравство и човечки услуги на САД, работи директно со производителите и дистрибутерите за да се осигура дека вакцините ќе стигнат до аптеките, болниците, клиниките и другите места за вакцинација, вклучително и објектите за долгорочна нега што е можно побрзо“, изјави портпаролот на Одделот во соопштение испратено по имејл.

Администрацијата за храна и лекови на САД вчера соопшти дека одобрила обновена верзија на вакцината против ковид-19 на „Новавакс“ за итна употреба кај лица на возраст од 12 години и постари.

Компанијата со седиште во Мериленд усвои мерки за намалување на трошоците и смета на комерцијални продажби на ажурираните вакцини за да ѝ помогнат да остане во живот.

Компанијата рече дека можеби нема да може да остане во функција инаку.

Директорот на Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) минатиот месец потпиша широка употреба на конкурентните ковдид вакцини на „Фајзер“ и „Модерна“.

Овие вакцини базирани на мРНА се препорачуваат за употреба кај луѓе на возраст од шест месеци па нагоре за време на есенската кампања за вакцинација во САД.

Официјалните здравствени лица велат дека се надеваат оти Американците ќе ги прифатат новите вакцини како годишните вакцини против грип.

Но, побарувачката за вакцини против ковид нагло опадна од 2021 година, кога тие првпат станаа достапни.

Околу 56,5 милиони луѓе, или 17% од населението на САД, ја примиле минатогодишната верзија на вакцините.

XS
SM
MD
LG