Линкови за пристапност

Обновените вакцини на „Модерна“ и „Фајзер“ ефикасни против новата ковид варијанта


Новата варијанта на ковид моментално ја следат Светската здравствена организација (СЗО) и Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ)
Новата варијанта на ковид моментално ја следат Светската здравствена организација (СЗО) и Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ)

Компаниите „Модерна“ и „Фајзер“ денес рекоа дека нивните ажурирани вакцини против ковид-19 генерирале силни одговори при тестирањето против високо мутираната подваријанта BA.2.86 на коронавирусот што ги зголеми стравувањата од повторно ширење инфекции.

„Модерна“ рече дека нејзината вакцина генерирала 8,7 пати зголемување на неутрализирачките антитела против BA.2.86 во споредба со природните антитела во клиничките испитувања кај луѓето.

Варијантата моментално ја следат Светската здравствена организација (СЗО) и Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ).

„Сметаме дека ова е вест што луѓето ќе сакаат да ја слушнат додека се подготвуваат да излезат и да ги земат вакцините“, велат од „Модерна“.

„Фајзер“ рече дека нејзината ажурирана вакцина со партнерот „БиоНТек“ предизвикала силен одговор на антитела против BA.2.86 во претклиничка студија кај глувци.

Модерна“, „Фајзер“ и „Новавакс“ создадоа верзии на нивните вкацини насочени кон подваријантата XBB.1.5, доминантна варијанта во поголемиот дел од 2023 година.

Се очекува тие да бидат претставени оваа есен .

XS
SM
MD
LG