Американските производители на вакцини против ковид ги поставија цените за нивните вакцини помеѓу 120 и 130 долари за доза, изјавија нивните директорите на состанокот на советодавниот панел на американските Центри за контрола и превенција на болести денес.
„Фајзер“ и германскиот партнер „БиоНтек“ ја ставија цена од 120 долари по доза, додека „Модерна“ рече дека цената на нејзината вакцина е 129 долари од доза.
„Новавакс“ рече дека цената за нејзината вакцина против ковид е 130 долари по доза.
САД вчера ги одобрија обновените вакцини за ковид-19, надевајќи се дека ќе ја зајакнат заштитата од најновите ковид варијанти.
Администрацијата за храна и лекови даде одобрение за најновите вакцини на „Модерна“ и „Фајзер“ и нејзиниот партнер „БиоНтек“ за повеќето Американци, дури и ако тие никогаш не биле вакцинирани против коронавирус.
Центрите за контрола и превенција на болести денес треба да дадат препораки за тоа на кого најмногу му требаат обновените вакцини.
Вакцинирањето би можело да започне до крајот на неделава.
Извор: Ројтерс и АП