Линкови за пристапност

САД најавија 600 милиони долари за производство на тестови за ковид


Американците повторно да нарачаат до четири бесплатни тестови по домаќинство, рече Одделот за здравство и човечки услуги
Американците повторно да нарачаат до четири бесплатни тестови по домаќинство, рече Одделот за здравство и човечки услуги

Администрацијата на Бајден денес објави дека обезбедува финансирање од 600 милиони американски долари за производство на нови домашни тестови за ковид-19 и ја рестартира веб-страницата што им овозможува на Американците повторно да нарачаат до четири бесплатни тестови по домаќинство - со цел да се спречат можните недостатоци за време на порастот на случаи на коронавирус, кои обично се појавуваат за време на постудените месеци.

Одделот за здравство и човечки услуги вели дека нарачките може да се направат на COVIDTests.gov почнувајќи од 25 септември и дека тестовите без трошоци ќе бидат испорачани бесплатно по пошта.

Дванаесет производители кои вработуваат стотици луѓе во седум држави добија финансиски средства и ќе произведат 200 милиони тестови без рецепт за да ги надополнат федералните резерви за владина употреба, покрај производството на доволно тестови за да се задоволат побарувачката за тестови нарачани преку Интернет, рече Одделот.

Федералните власти рекоа дека тоа ќе помогне да се заштитат од проблеми со синџирот на снабдување што предизвикаа недостиг на домашни тестови за ковид направени во странство за време на минатите бранови на коронавирус.

XS
SM
MD
LG