Владата на САД денес соопшти дека доделила 1,4 милијарди долари за развој на нови терапии и вакцини против ковид-19, вклучително и договор од 326 милиони долари со Regeneron Pharmaceuticals (REGN.O) за терапија со антитела од следната генерација за спречување на инфекции.
Финансирањето на Regeneron е дел од иницијативата вредна 5 милијарди долари на Одделот за здравство и хумани услуги на САД.
Компанијата претходно разви терапија со моноклонални антитела против ковид, која беше овластена од Агенцијата за храна и лекови на САД во ноември 2020 година, но неговата употреба беше ограничена на почетокот на минатата година, откако беше откриено дека веројатно нема да делува против варијантата омикрон.
Финансирањето, исто така, вклучува една милијарда долари за четири клинички испитувања во средна фаза на нови вакцини за ковид и 100 милиони долари за Global Health Investment Corp - непрофитна организација која инвестира во нови технологии кои ќе ги забрзаат одговорите на болестите.
Извор: Ројтерс