Линкови за пристапност

Кит Келог е изборот на Трамп за специјален пратеник на САД за Украина и Русија


Кит Келог е изборот на Трамп за специјален пратеник на САД за Украина и Русија
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:43 0:00

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп го избра пензионираниот генерал-полковник Кит Келог за негов специјален пратеник за Украина и Русија, каде што Трамп вети дека ќе стави брз крај на војната. Татјана Ворожко известува за кариерата на Келог, како и за неговата визија за завршување на војната.

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп го избра 80-годишниот пензиониран армиски генерал-полковник Кит Келог за свој специјален пратеник за Украина и Русија.

Келог беше шеф на Кабинетот на Советот за национална безбедност за време на првиот мандат на Трамп.

Курт Вокер, специјален претставник на САД за преговорите за Украина за време на првата администрација на Трамп, вели дека новоизбраниот претседател направил добар избор.

„Тој е искусен војсководец, генерал со три ѕвезди, што е доста значајно. Има блиски односи со претседателот Трамп, така што тие можат директно да комуницираат“, вели Вокер.

Вокер додава дека задачата на Келог ќе биде да ја спроведе визијата на Трамп за брзо завршување на војната во Украина.

„Да се пренесат пораките од претседателот Трамп, да се пренесе реалноста од теренот и да се вратат пораките од другата страна“, истакнува Вокер.

Како ко-претседател на Центарот за американската безбедност при Институтот за политика на Америка, Келог беше ко-автор на планот за ставање крај на војната во Украина. Тој препорача САД да започнат формална политика „да бараат прекин на огнот и решение преку преговори“.

Според тој план, доколку Киев се согласи да започне преговори со Русија, САД ќе продолжат да ја вооружуваат Украина. За да ја убеди Русија да учествува во преговорите, Келог предложи одложување на членството на Украина во НАТО во замена за безбедносни гаранции.

Тој зборуваше за Гласот на Америка за неговиот план во јули.

„Тоа не значи дека Украина се предава. Тоа не значи дека тие се откажуваат од територијата“, посочи Келог.

Келог ја критикуваше администрацијата на Бајден дека не прави доволно за воена поддршка на Украина.

Евелин Фаркас, заменик помошник секретар за одбрана за Русија, Украина и Евроазија за време на администрацијата на Обама, се согласува.

„Тој со право впери прст за некои од слабостите под сегашната администрација и претходните администрации, што значи дека не бевме доволно силни да ја поддржиме Украина во однос на нашата материјална поддршка. Мислам дека администрацијата на Трамп е на добар пат во смисла да се назначи некој кој е способен експерт и потоа да се истакне како важен приоритет“, вели Фаркас.

Џон Хербст, амбасадор на САД во Украина од 2003 до 2006 година, вели дека Келог разбира дека агресијата на Путин во Украина е закана за американските интереси во Европа и во светот.

„Тој разбира дека завршувањето на војната ќе се обезбеди, како што сака Трамп. Опстанокот на Украина е важен за Соединетите држави“, додава Хербст.

Поранешниот советник за национална безбедност на Трамп и сега отворен критичар на Трамп, Џон Болтон, вели дека Келог нема доволно искуство за таа работа.

„Тој самиот нема чувство за конфликтите. Тој е противник на НАТО во многу аспекти“, смета Болтон.

Дејвид Крамер беше заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања за време на администрацијата на Џорџ Буш – јуниор. Тој го гледа предложениот тим за национална безбедност на Трамп како надеж за Украина и Европа.

„Мислам дека изборот на генералот Келог, на пример, за специјален пратеник е многу надежен показател. Се надеваме дека државниот секретар Марко Рубио, исто така, добро ја разбира ситуацијата. Советникот за национална безбедност Мајкл Валц е многу силен избор“, вели Крамер.

Се очекува Келог тесно да соработува со Валц, кој го пофали на Х како „посветен да ја доведе војната во Украина до мирно решение“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG