Линкови за пристапност

САД најавија 500 милиони долари за Украина на состанокот во Германија


Состанок на контакт групата за одбрана на Украина во воздухопловната база Рамштајн
Состанок на контакт групата за одбрана на Украина во воздухопловната база Рамштајн

САД ѝ обезбедуваат на Украина 500 милиони долари дополнително оружје и опрема од нејзините постојни воени залихи, што официјални лица за Гласот на Америка изјавија дека ќе биде последниот пакет воена помош пред претседателот Џо Бајден да ја напушти функцијата.

Официјалните лица зборуваа за Гласот на Америка под услов да останат анонимни пред објавувањето, кое се очекуваше денес кога американскиот секретар за одбрана Лојд Остин за последен пат ќе биде домаќин на контакт групата за одбрана на Украина во Рамштајн, Германија.

„Нашиот фокус ќе биде на одржување на моментумот, давање резултати и испраќање јасна порака: меѓународната заедница е одлучна во својата поддршка за Украина“, рече Остин.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека ќе му се придружи на Остин на 25-тиот состанок на групата, која опфаќа околу 50 нации кои се собраа под водство на Остин за да ја координираат безбедносната помош по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.

„Тие [Украинците] продолжуваат да преживуваат, но тоа го прават со поддршка на САД и другите сојузнички земји и коалиции преку Контакт групата за одбрана на Украина. И мислам дека е прилично јасно дека контакт групата за одбрана на Украина е, тоа е повеќе од само заедничко разбирање, тоа е заедничка кауза“, рече заменик-портпаролката на Пентагон Сабрина Синг.

Дописникот на Гласот на Америка за национална безбедност Џеф Селдин придонесе за овој текст

XS
SM
MD
LG