Линкови за пристапност

Киев и други цели погодени во руски напад со проектили и дронови


Жители се засолнуваат во метро станица за време на аларм за воздушен напад во Киев, Украина, 31 декември 2024 година
Жители се засолнуваат во метро станица за време на аларм за воздушен напад во Киев, Украина, 31 декември 2024 година

Руските власти денес соопштија дека остатоци од уништено украинско беспилотно летало паднале врз нафтена постројка во регионот Смоленск, предизвикувајќи пожар.

Руското министерство за одбрана соопшти дека соборило вкупно 68 украински беспилотни летала во текот на ноќта, вклучително и 10 над Смоленск.

Нема други извештаи за штети или жртви од нападите.

Во меѓувреме, украинските власти денес рекоа дека руските ракетни напади биле насочени кон регионите Киев и Суми. Украинската војска соопшти дека соборила шест од 21 проектил што Русија ги лансирала во текот на ноќта, додека исто така уништила 16 од 40 руски беспилотни летала.

Серхиј Попко, шеф на градската воена управа на Киев, рече дека остатоците од уништените проектили оштетиле три згради во главниот град на Украина.

Во регионот Суми во североисточна Украина, официјални лица рекоа дека ракетен напад биле насочени кон инфраструктурни локации.

Некои информации во текстот се од агенцијата Франс-прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG