Линкови за пристапност

Украина вели дека соборила 21 од 43 руски дронови


Вработен оди надвор од штала, која беше оштетена од напад на руско беспилотно летало, среде рускиот напад врз Украина, во фарма во регионот Чернихив, Украина, 13 декември 2024 година
Вработен оди надвор од штала, која беше оштетена од напад на руско беспилотно летало, среде рускиот напад врз Украина, во фарма во регионот Чернихив, Украина, 13 декември 2024 година

Украинската војска денес соопшти дека соборила 21 беспилотно летало што руските сили ги користеле во нападите во текот на ноќта насочени кон повеќе области низ северна и источна Украина.

Украинското воздухопловство соопшти дека Русија лансирала вкупно 43 беспилотни летала и дека нејзината воздушна одбрана соборила беспилотни летала над повеќе региони.

Гувернерот на Одеса Олег Кипер, на Телеграм изјави дека паѓањето на остатоци од дрон оштетило пет станбени згради, но не повредило никого.

Гувернерот на Харков Олег Синијехубов, пријави пожар во зграда предизвикан од напад со беспилотно летало, како и удар на беспилотно летало во близина на автопат. Тој додаде дека нема жртви во неговиот регион.

Руското министерство за одбрана во понеделникот соопшти дека пресретнало беспилотно летало над регионот Белгород лоциран долж руско-украинската граница.

Регионалните власти во Курск, исто така, рекоа дека руската противвоздушна одбрана соборила украинска ракета рано во понеделникот.

Одредени информации во текстот се од Ројтерс

XS
SM
MD
LG