Линкови за пристапност

Интервју со Орхан Муртезани, министер за европски прашања


Интервју со Орхан Муртезани, министер за европски прашања
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:28 0:00

Министерот за европски прашања, Муртезани неодамна ја посети Украина. Во интервју за Глас на Америка вели дека пристапот на Северна Македонија кон украинското прашање ќе биде во согласност со ставот на партнерите во Брисел и од Вашингтон

Орхан Муртезани за Глас на Америка: Уставните измени со одложено дејство се наш предлог, но не се нашето конечно решение на кое инсистираме

Министерот за европски прашања, Муртезани неодамна ја посети Украина. Во интервју за Глас на Америка вели дека пристапот на Северна Македонија кон украинското прашање ќе биде во согласност со ставот на партнерите во Брисел и од Вашингтон

Неодамна се вративте од Украина, што договоривте со украинските власти, и каква е состојбата на терен?

„Ја посетив Украина, односно Киев, бев во дводневна официјална посета, каде потпишавме, меморандум за интензивирање на соработката во процесот на евроинтеграцијата. Ние со Украина делиме иста цел, а тоа е полноправно членство во ЕУ, а со овој меморандум ќе се овозможи да го делиме и патот до таму. Меморандумот е основа, преку кој ние ќе размениме искуства и експертизи во областа на европското право, искористувањето на фондовите и се што е потребно до пристапување кон ЕУ“.

„Главната цел на овој меморандум е да покажеме не само солидарност, после руската инвазија на Украина, туку со нашата експертиза, имајќи во предвид дека скоро 20 години сме земја кандидат, да се потрудиме да помогнеме на Украина, да се забрза интеграцијата во ЕУ. Состојбата во Киев е тензична, колку луѓето и да се обидуваат да го вратат животот во нормални услови, постојаните ракетни напади и целиот тој стрес, кој не беше и за нас во два дена да се трпи, а можам да замислам како е за Украинците, кои секојдневно се соочуваат со тоа“.

Дали Северна Македонија, планира нов вид помош за Украина?

„Од украинската страна беше побарана и понатамошна поддршка. Ние како Влада и како држава, досега во склоп на нашите активности сме ја подржале Украина и со опрема и со муниција, и доколку има такво формално барање во склоп на можностите, ние секако дека би разгледале што може да се направи.

Дали прави разлика ставот на новиот американски претседател Доналд Трамп, каков и да биде во однос на Украина, или Северна Македонија ќе ја следи европската политика во однос на Украина?

„Едно со сигурност можам да кажам дека ставот, односно пристапот кон украинското прашање ќе биде во согласност, односно рамо до рамо со нашите партнери во Брисел и Вашингтон. Мислам дека се уште е рано да кажеме, што точно би подразбирало тој предлог од страна на новиот претседател на САД, меѓутоа ние сите чекори ќе ги хармонизираме со нашите стратешки партнери. Се зборува во јавноста дека се подготвува прекин на војната. Ќе треба да видиме како на терен тоа би се одразило, но мислам дека сите се подготвени за мирно решение, колку што е можно побрзо“.

Дали очекувате дека со доаѓањето на новата Влада во официјална Софија, ќе има промени во политиките кон Северна Македонија и прифаќање на предлогот, уставни измени со одложено дејство?

„Уставните измени со одложено дејство се наш предлог, но не се нашето конечно решение на кое инсистираме. Тој предлог е за да се испрати јасна порака до бугарската Влада, дека ние сме спремни за дијалог, и дека сакаме да воспоставиме долготраен дијалог, кој ќе биде гаранција, дека нашиот процес на интеграција во ЕУ, ќе биде завршен и дека нема да подлежи на идни потенцијални вета“.

„Фактот што во Софија има стабилна политичка Влада е олеснителна околност и во вакви услови, нашата одлучност како Влада е уште поголема, колку што е можно побрзо да воспоставиме дијалог. Така што сè што останува е во кратко време да воспоставиме дијалог и да седнеме да разговараме“.

„Мислам дека не е само наш интерес да станеме членка на ЕУ, туку е интерес и на Бугарија првиот сосед да биде членка на ЕУ, а стратешки интерес е и на ЕУ, земјите од Западен Балкан, да станат дел од Унијата. Имајќи го во предвид овој заеднички интерес, убеден сум дека можеме да дојдеме до решение“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG