Линкови за пристапност

САД означија пет организации како врвни закани за безбедноста


Со цел да ја засили борбата на администрацијата на Трамп против транснационалните криминални организации, главниот правобранител на САД Џеф Сешнс ги назначи Хезболах, МС-13 и три други картели како главни транснационални закани.

Зборувајќи во Вашингтон, Сешнс мерката ја нарече „следен чекор во извршувањето на наредбата на претседателот Трамп за чистење на улиците од МС-13 и другите транснационални криминални организации.“

„Борбата со транснационалните криминални групи како што се картелите е приоритет за претседателот и за неговата администрација“ кажа Сешнс. „Истиот ден кога дадов заклетва на функцијата главен правобранител, добив наредба од претседателот Доналд Трамп да работам на уништување на овие групи“.

Сешнс вели дека петте организации биле идентификувани од страна на ФБИ, ДЕА, Силите за борба против организираниот криминал и наркотици (OCDETF) и од Одделот за правда на САД. Со работната група предводи заменик главниот правобранител на САД Род Розенстајн, и таа била формирана со цел да ги „координира напорите и да направи план за уништување на сите овие групи, за доброто на сите нас“ додаде тој.

Минатиот октомври Сешнс ја назначи МС-13 како единствената улична банда приоритет за OCDETF.

Хезболах беше назначена како странска терористичка организација од страна на Стејт департментот во 1997-та година.

Другите три групи назначени од Сешнс се: мексиканските криминални организации: „Cartel de Jalisco Nueva Generacion“ и картелот Синалоа; како и колумбискиот нарко картел Клан дел Голфо.

Транснационалните криминални организации „работат на повеќе фронтови, затоа мораме и ние да бидеме на повеќе фронтови“ кажа Сешнс.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG