Линкови за пристапност

Помпео најави „досега невидени“ санкции против Иран


Заканата дојде во говор во кој беше претставена стратегијата на претседателот Доналд Трамп по повлекувањето од Иранскиот нуклеарен договор порано месецов

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео објави долга листа на барања за постигнување на нов нуклеарен договор со Иран и се закани со тешки економски санкции ако Техеран не го промени однесувањето.

Листата со 12 барања беше претставена во говор во Фондацијата Херитиџ во Вашингтон и во неа е содржана стратегијата на администрацијата на претседателот Доналд Трамп по повлекувањето од Иранскиот нуклеарен договор порано месецов.

Помпео инсистира дека со новиот договор, Иран мора целосно да го прекине развојот на нуклеарно оружје, и да им обезбеди на инспекторите на ОН пристап до сите локации во државата. Тој рече дека Техеран мора да стави крај на ширењето на програмата за балистички проектили и да престане со „дестабилизирачките активности“ на Блискиот исток.

Ако Иран не го смени курсот, САД „ќе применат досега невиден притисок“ предупреди Помпео.

„Кога ќе бидат воведени, тие ќе бидат најсилните санкции во историјата“ рече Помпео. „Иранскиот режим со години се бори ширум Блискиот исток. Откако нашите санкции ќе бидат целосно воведени, тие ќе се борат да ја држат економијата жива“

Иранскиот претседател, Хасан Рухани ги отфрли заканите.

„Кои сте вие да решавате за Иран и светот?“ вели Рухани во соопштението публикувани од страна на иранските медиуми. „Светот не прифаќа САД да одлучуваат за светот. Државите имаат своја независност.“

Администрацијата на Трамп повика на повторно воведување на санкциите кои беа укинати како дел од Иранскиот нуклеарен договор од 2015-та година кој беше потпишан од САД, Иран и европските држави. Вашингтон исто така воведе дополнителни санкции.

Европските држави одржуваат преговори со Иран за спас на договорот. Но, не е јасно дали напорите ќе успеат. Во неделата, иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф изјавил дека политичката волја на ЕУ не е доволна за спас на договорот“ наведуваат иранските медиуми.

Иако некои европски компании соопштија дека ќе ги почитуваат новите американски барања и ќе престанат да водат бизнис со Иран, некои европски лидери се заканија со контра мерки за да ги надоместат загубите од санкциите. Ваквите најави значат дека ќе биде потешко за САД да воведат потешки економски санкции врз Иран.

Помпео призна дека многу американски сојузници ќе претрпат “финансиски и економски потешкотии“ заради повторното воведување на санкциите.

„Сакаме да слушнеме за вашата загриженост“ рече Помпео. „ Но треба да знаете дека оние кои ќе водат бизнис со Иран ќе бидат земени на одговорност.“

Листата на барања на Помпео е широка, и е рефлексија на критицизмот на администрацијата на Трамп за Иранскиот нуклеарен договор.

Според Помпео, Техеран мора да „потврди дека трајно го отфрлил“ развивањето на нуклеарното оружје.“ Мора да прекинат со збогатувањето на ураниум, и да не се стремат кон процесирање на плутониум. Мора да обезбедат пристап на инспекторите на Меѓународната атомска агенција до сите локации во државата. Мора да престанат со ширењето на балистичките проектили, и дека мора да ги ослободат сите американски државјани, „исто како и притворените граѓани кои доаѓаат од нашите држави партнери и сојузници.“

Помпео исто така побара Иран да престане со поддршката на милитантните групи на Блискиот исток, вклучувајќи ги Хезболах во Либан, Хамас во Палестина, Хутите во Јемен и Талебан во Авганистан.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG