Линкови за пристапност

Животот во близина на бандата МС-13


Во период од две години во Лонг Ајленд, Њујорк имало повеќе од дваесетина смртни случаи поврзани со МС-13

Долгогодишниот жител на населбата Фрипорт во Лонг Ајленд, Кори Бруер вози велосипед покрај локалниот парк пред да продолжи понатака кон брегот.

Тој поминува покрај јато гуски, кое е набљудувано од родител од латиноамериканско потекло и неговите две деца.

Огромниот парк потсетува на историјата на Фрипорт која е поврзана со насилството на бандите. Таму во октомври ФБИ откри остатоци од исчезнатиот тинејџер, Хавиер Кастиљо за кој се верува дека е жртва на насилната улична банда МС-13.

Во период од две години во Лонг Ајленд, Њујорк имало повеќе од дваесетина смртни случаи поврзани со МС-13.

Но, колку и да се вознемирувачки методите на бандите, некои жители сметаат дека фокусот на националното внимание врз нивната заедница предизвикува преголем интерес. Претседателот на САД, Доналд Трамп во средата овде организираше втор настан по ред поврзан со МС-13 откако ја презеде функцијата.

Кори Бруер кој израснал во Фрипорт, од 2000-ра година наваму изгубил неколку познаници. Тие биле убиени од страна на МС-13.

„Трамп ја презеде власта, и дигна прашина за оваа ситуација. Јас знам дека луѓето веќе подолго време умираат од бандата МС-13, вели Бруер.“

Медиумски трик

По преземањето на функцијата, претседателот Доналд Трамп ја користи криминална мрежа која потекнува од Ел Салвадор, како дел од поголемиот притисок за борба против илегалната имиграција.

За време на тркалезна маса организирана во Насау, Трамп повторно рече дека членовите на бандата „не се луѓе, туку животни“ - став кој беше поздравен од присутните.

Патриша Двајер, жителка на Лонг Ајленд, вели дека е загрижена за нејзините соседи, имигранти кои најчесто се мета на нападите.

„Доаѓаат тука. Мислат дека се безбедни, ќе работат и земат државјанство. Но, тие се тероризирани од нивните заедници.“

Но други се загрижени, зошто не се посветува поголемо внимание на безбедноста на заедницата.

Една од 33.000 банди

Со околу 10 илјади членови, бандата MС-13 е само мал дел од 1.4 милиони членови на насилни банди, се вели во статистиката на ФБИ. MС-13 исто така е само една од 33.000 банди кои постојат во САД и Порторико.

На настанот во Лонг Ајленд, началникот на полицијата во округот Насау, Патрик Рајдер, рече: „Знаеме дека имаме претседател кој секојдневно ни го чува грбот и не поддржува. Рајдер рече дека неговиот оддел идентификувал 500 членови на МС -13, од кои 250 активни. Тој рече дека минатата година во неговата област од страна на бандата биле убиени шест деца.

Имигранти и гангстери

„За мене, тоа е војна со имигрантите“, вели Кори Бруер.

„Тоа е само уште еден изговор за да се наруши приватноста на луѓето, за да може да се најде основа за да бидат депортирани.

Сепак, многу имигранти ја поздравуваат идејата за елиминирање на бандата.

XS
SM
MD
LG