Линкови за пристапност

САД воведоа санкции против гувернерот на Иранската централна банка


Активностите се дел од одлуката на Трамп за повлекување од Иранскиот нуклеарен договор и повторно воведување на американски санкции спрема Иран

САД воведоа санкции врз гувернерот на Иранската централна банка Валиола Сеиф, обвинувајќи го за помагање во одлевање на милиони долари до милитантната организација Хезболах.

Гувернерот на Централната банка на Иран тајно одлевал милиони долари во име на Силите на исламската револуционерна гарда (IRGC-QF), преку Исламската банка Ал-Билад, со седиште во Ирак, со цел да ја збогати и поддржи насилната и радикална агенда на Хезболах“, се вели во соопштението на секретарот на Одделот за финансии Стив Мнучин.

„САД нема да го дозволат зголеменото безобзирно прекршување на меѓународниот финансиски систем од страна на Иран, а глобалната заедница мора да остане претпазлива на измамничките напори на земјата да обезбеди финансиска поддршка за своите терористички застапници“, се додава во соопштението.

На црната листа се додадени и Али Тарзали, заменик-директор на Меѓународниот оддел при Иранската централна банка, како и директорот на Исламската банка Ал-Билад, Арас Хабиб.

Според секретарот Мнучин, активностите се дел од одлуката на претседателот на САД Доналд Трамп за повлекување од Иранскиот нуклеарен договор и повторно воведување на американски санкции спрема Иран, коишто беа укинати во 2015-та година, со склучувањето на договорот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG