Претседателот на САД ДоналдТрамп, рече дека САД не сакаат да преговараат со Талибан, по серијата смртоносни напади во Авганистан.
Тој ова го изјави за време на работниот ручек со членовите на Советот за безбедност на ОН, кои се во работна посета на Вашингтон. Се очекува тие за време на посетата да извршат инспекција на делови од наводна иранска ракета.
Членовите на Советот за безбедност ќе имаат можност да ги разгледаат остатоците од ракета со краток домет, којашто американската амбасадорка во ОН Ники Хејли, ја претстави за време на прес-конференција која се одржа во воена база во Вашингтон во декември минатата година.
Тогаш Хејли изјави дека воената опрема е доказ дека Иран незаконски ги вооружува бунтовниците Хути во Јемен.
„Била направена во Иран, потоа испратена до милитантите Хути во Јемен, од каде била истрелана кон цивилен аеродром, со потенцијал да убие стотици цивили во Саудиска Арабија“, рече Хејли.
САД индицираа дека планираат да го држат Иран одговорен пред ОН заради нарушување на меѓународното ембарго за вооружување на бунтовниците во Јемен.
Ова е дел од пошироката стратегија на администрацијата на Трамп да остане посветена на Нуклеарниот договор со Иран од 2015-та година, но се обидуваат да наметнат последици врз Техеран заради негативното однесување во регионот, вклучувајќи ја и поддршката за Хути во Јемен и Хезболах во Либан.
Хејли го обвини Техеран дека се крие зад нуклеарниот договор, велејќи: „Ова се работите што тие ги прават, додека сите гледаме на другата страна“.
Остатоците од ракетата се позајмени од Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, кои водат заедничка борба против бунтовниците Хути. Тригодишните воздушни напади на коалицијата предизвика хуманитарна криза во Јемен.
Претседателот Трамп ги покани членовите на Советот за безбедност на работен ручек, слично како и минатата година.
Советникот за национална безбедност Х.Р. Мекмастер, ќе ги придружува гостите во посета на Меморијалниот музеј на холокаустот. Според американската мисија во ОН, тие ќе ја посетат и изложбата посветена на сирискиот конфликт наловена како „Сирија: Ве молиме да не заборавајте не`“.
Facebook Forum