Линкови за пристапност

Хезболах го обвини Ријад за оставката на Харири


Lebanon's Prime Minister Saad al-Hariri
Lebanon's Prime Minister Saad al-Hariri

Премиерот на Либан претходно ги обвини Иран и Хезболах за создавање раздор во државата и регионот

Либанската група Хезболах ја обвини Саудиска Арабија дека го принудила премиерот Саад Харири да поднесе оставка.

Харири ја објави оставката во саботата, откако го нападна Иран и нејзината милиција Хезболах во Либан и во регионот.

Лидерот на движењето на либанската шиитска група Хезболах, Хасан Насрала рече дека Хезболах која што во текот на изминатата година учествуваше во владата на Харири не побарала оставка:

„Хезболах во целина нема да разговара за содржината на оставката, бидејќи сметаме дека овој текст е саудиски. Кога сакаме да разговараме за политичката содржина на оставката, ќе се осврнеме на Саудиска Арабија.“

Оставката на Харири следеше по консултациите со лидерите на Саудиска Арабија во Ријад и по претходниот состанок со врвниот советник за надворешна политика на Иран, Али Акбар Велајати во Бејрут.

Харири ги обвини Иран и Хезболах за создавање раздор во државата и регионот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG