Советникот за национална безбедност на претседателот Трамп во Белата куќа, Ејџ Ар Мекмастер, во ексклузивното интервју за надворешниот соработник на Гласот на Америка, Грета ван Сустерн, рече дека иранската влада мора да биде одговорна за своите акции.
„Иранскиот народ изрази фрустрација за режимот кои посветува повеќе време на извоз на тероризам, отколку да ги решава потребите на неговиот народ“, рече Мекмастер.
САД со сојузниците и партнерите во светот го санкционираа девијантното однесување на режимот во Техеран, рече тој и оцени дека е важно на иранските власти да им се оневозможи да имаат пристап до ресурсите за извршување на нивната убиствена кампања. „Сведоци сме како иранскиот народ изразува незадоволство со нивните власти, за начинот на кој тие се однесуваат со него, но и со светот.
За Северна Кореја
Запрашан за Северна Кореја, Мекмастер рече дека важно е да се воочи дека режимот во Пјонгјанг е во постојната потрагата по нуклеарно оружје и проектили, но тоа нема да вроди со резултат. „Се` повеќе држави ги прекинуваат трговските односи со Северна Кореја. На листата се Виетнам, Филипините и таа листа расте“, истакна советникот за национална безбедност, додавајќи дека ако санкциите не вродат со плод и не го одвратат режимот во Пјонјанг, претседателот на САД има бројни опции на маса.
„Тоа вклучува воено решение, и тоа не е тајна. Имаме блиска соработка со сојузниците за разработување опции за справување со режимот во Пјонгјанг. Ако треба да го завршиме процесот на денуклеаризација на Северна Кореја без нивна соработка, тоа и ќе го сториме и ќе му ги предочиме сите последици на претседателот пред да ја донесе конечната одлука“, истакна Мекмастер.
За Пакистан
Запрашан за твитер-пораката на претседателот Трамп за Пакистан, што предизвика бурни рекции во земјата, Мекмастер со оценка дека претседателот е фрустриран за однесувањето на Исламабад дека продолжува да обезбедува поддршка за терористичките групи, во време кога соработува со САД за стабилизирање на Авганистан, при што корист ќе има и самиот Пакистан.
САД бараат од Пакистан да делува во негов интерес и да запре со обезбедување прибежиште за сите форми на терористички групи, оцени американскиот советник.
За Русија
Мекмастер потврди дека претседателот Трамп е свесен за руското мешање во изборите во САД и многупати тоа и јавно го кажал. Но, како што напомена во интервјуто за Гласот на Америка, Русите се активни и во Европа - неодамнешните избори во Франција, референдумот за Каталонија, Мексико, или како што беше неодамнешниот случај со Црна Гора, кога се обидоа да организираат пуч за смена на власта и да наметнат проруска власт. Мислам дека е важно да стави крај на руската дестабилизаторска кампања, која игра на картата на разгорување на страстите меѓу заедниците.
Запрашан за руските интереси со охрабрување на режимот на Иран на Блискиот Исток, Мекмастер истакна дека Москва ќе плати голема цена за нејзината репутација во регионот.
„Не само што Иран продолжува да поддржува терористички групи како Хезболах, и други форми на илегални вооружени групи, околу 80% од борците на страната на режимот на Асад се од иранско потекло и од Јемен. Што прави Русија – ги вооружува со проектили со долг дострел, напомена Мекмастер. Треба отворено да и` се предочи на Москва дека тоа не е од ничиј интерес, да му се помага на иранскиот режим, изјави Херберт Рејмонд (Ејџ Ар) Мексмастер, во интервјуто за Грета ван Сустерн, надворешен соработник на Гласот на Америка.
Facebook Forum