САД не даваат гаранции за вашето членство во Европската Унија – оваа изјава на Анџела Агелер беше одговор на новинарско прашање за актуелната посета на премиерот Мицкоски на САД, трета во последните 6 месеци, и за тоа какви гаранции може да даде Вашингтон за европската интеграција на Северна Македонија. Сепак, амбасадорката вели дека е воодушевена што Мицкоски пак е во Америка, овојпат за да присуствува на годишната Конференција на конзервативна политичка акција.
Вашингтон не дава гаранции за патот кон Европската Унија, бидејќи ние не сме членка на Европската Унијата. Мислам дека за тоа се водат и се воделе разговори со високите претставници на ЕУ, но воодушевена сум што премиерот и членовите на неговиот кабинет се во Вашингтон, тоа е важна врска.
Анџела Агелер, амбасадорка на САД во Северна Македонија - „Вашингтон не дава гаранции за патот кон Европската Унија, бидејќи ние не сме членка на Европската Унијата. Мислам дека за тоа се водат и се воделе разговори со високите претставници на ЕУ, но воодушевена сум што премиерот и членовите на неговиот кабинет се во Вашингтон, тоа е важна врска. Фактот што тој е неколку пати таму, откако ја презема неговата позиција како премиер, исто како и многу други министри, само зборува за близината на нашите односи и на многу начини покажува дека ние како САД и Северна Македонија билатерално може да соработуваме. Очекувам дека таа соработка да биде зајакната.“, изјави Анџела Агелер, амбасадорката на САД во Северна Македонија.
Настапот на Агелер, по нејзино подолго отуство од јавноста, доаѓа во период на сериозни случувања, како во земјава, така и во регионот и глобално. Меѓу другото, Северна Македонија е меѓу погодените од одлуката на новиот американски претседател за привремено стопирање на сите програми на УСАИД. Како и дали тоа ќе влијае на идна американска поддршка на развојот на земјава?
„Ова е процес што е во тек и јас не знам како ќе се одрази на нашата идна поддршка на развојот која сега се разгледува и сметам дека тоа е важно. Сепак можам јавно и приватно да и кажам на Владата и на нашите партнери дека ние сме тука. САД не си одат и правиме фантастични партнерски настани каков што е денешниот.“, изјави Анџела Агелер, амбасадорката на САД во Северна Македонија.
Изјавата на Агелер доаѓа во период на официјализирање на иницијативите на владата на Мицкоски и на владејачкото мнозинство за разрешување на Јавниот обвинител Коцевски, но и за смена на членовите на Судскиот совет, чекори што се оправдуваат како реформа на правосудниот систем.
„Ги видов најавите, ги следиме процесите. Колку што знам, законскиот процес е во тек, тоа одблиску го следиме и чекаме законот да биде спроведуван“, е одговорот на американската амбасадорка за најавите за промени во судството и обвинителството.
Facebook Forum