Линкови за пристапност

Реакции во Европа за победата на Трамп


Реакции во Европа за победата на Трамп
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:33 0:00

Сојузниците на САД во Европа му честитаа на Доналд Трамп по неговата голема победа на претседателските избори во вторникот - и покрај широко распространетата загриженост за тоа што неговиот втор мандат може да значи за трансатлантските односи. Хенри Риџвел известува од Лондон.

Доналд Трамп направи историско враќање на претседателските избори во САД во вторник.

“Америка ни даде невиден и моќен мандат.”, изјави Трамп.

Сојузниците на САД во Европа размислуваат што ќе направи идниот претседател со тој мандат.

Британскиот премиер Кир Стармер имаше тежок почеток - откако кампањата на Трамп ги критикуваше неговите функционери од Лабуристичката партија за советување на ривалката на Трамп, Камала Харис, за време на кампањата. Стармер побрза да испрати честитки.

“Живееме во веројатно понестабилен свет отколку што живеевме со децении. Апсолутно е клучно да имаме силна врска, таа силна, посебна врска.”, истакна британскиот премиер.

Германскиот канцелар Олаф Шолц рече дека работите ќе бидат многу поинакви со Трамп во Белата куќа - но вети дека „ќе остане сигурен трансатлантски партнер.”

“Ова исто така важи и во однос на заканата што сите сојузници на НАТО веруваат дека Русија ја претставува за безбедноста во евроатлантската област.”, оцени Шолц, германски канцелар.

Трамп ја критикуваше поддршката на САД за Украина додека таа се бори против руската инвазија - и постојат стравувања дека може да ја прекине воената и финансиската помош за Киев.

Во неговиот прв мандат, Доналд Трамп се закани дека ќе ги повлече САД од НАТО, тврдејќи дека сојузниците ги искористуваат САД.

Но, во изјавата во средата, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека Трамп, цитираме, „го свртел текот на европските трошоци за одбрана, го подобрил споделувањето на трансатлантскиот товар и ги зајакнал капацитетите на Алијансата“.

Во меѓувреме, унгарскиот премиер Виктор Орбан не криеше дека претпочита победа на Трамп. Кога таа победа дојде, рече тој, цитираме: „За светот, тоа значи надеж за мир“.

Францускиот претседател Емануел Макрон и Доналд Трамп имаа нестабилни односи - но Макрон во средата рече дека е подготвен да работат заедно, цитираме, „со вашите и моите убедувања. Со почит и амбиција. За повеќе мир и просперитет“.

Во реалноста, европските сојузници се подготвуваат за бурно време, вели аналитичарот за надворешна политика Гарет Мартин од Американскиот универзитет.

“Четирите години кога Трамп беше на функцијата беа прилично бурни. Имаше моменти на постојани расправии, многу неединство, недостаток на кохезија. И тоа беше во време не толку опасно како сега. Сега сме среде голема војна во Европа која трае две и пол години.”

Во меѓувреме, клучниот климатски самит COP29 следната недела во Азербејџан најверојатно ќе биде засенет од победата на Трамп.

Поранешниот претседател се повлече од Парискиот климатски договор во 2017 година, тврдејќи дека тоа е неправедно кон Соединетите американски држави.

Неговиот наследник Џо Бајден повторно се приклучи на неговиот прв ден на функцијата.

Но, постојат стравувања дека Трамп повторно ќе се откаже од договорот, иако научниците предупредуваат на катастрофално глобално затоплување без итна акција.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG