Линкови за пристапност

Кој би можел да биде во новата администрација на Трамп: Долга листа на стари и нови можни соработници


Кабинетот традиционално ги вклучува потпретседателот и раководителите на 15 сектори на извршната власт, како што се Стејт департментот и Одделот за финансии.
Кабинетот традиционално ги вклучува потпретседателот и раководителите на 15 сектори на извршната власт, како што се Стејт департментот и Одделот за финансии.

Кога беа пребројани гласачките ливчиња и беше прогласена победата на Доналд Трамп во претседателската трка во средата рано наутро, веднаш започна друга трка: 11-неделен спринт за екипирање на новата администрација која ќе треба да биде подготвена да ја преземе власта на 20 јануари.

Администрацијата на претседателот вклучува илјадници именувани лица, но во првите недели по изборите, фокусот ќе биде ставен на идентификување на луѓето кои ќе го сочинуваат Кабинетот на претседателот.

Кабинетот традиционално ги вклучува потпретседателот и раководителите на 15 сектори на извршната власт, како што се Стејт департментот и Одделот за финансии.

Вклучува и околу 10 функционери кои служат на позиции на ниво на Кабинет, како што се трговскиот претставник на САД, директорот на националното разузнавање и шефот на кабинетот на Белата куќа.

Освен за потпретседателот и шефот на кабинетот, за сите именувани на ниво на Кабинет е потребна потврда од Сенатот.

Трамп во четвртокот вечерта изјави дека Сузи Вајлс, долгогодишна републиканска оперативка која служела како еден од двајцата врвни менаџери во неговата успешна кампања, ќе биде шефица на неговиот кабинет во Белата куќа.

Таа ќе биде првата жена на таа позиција.

Покрај назначувањето на Вајлс, Трамп понуди неколку детали за тоа кого сака да види на клучните позиции во неговата втора администрација. Многумина кои служеа на позиции во кабинетот во неговата прва администрација, оттогаш се разделија со новоизбраниот претседател.

Некои отидоа дотаму што ја поддржаа неговата противкандидатка, потпретседателката Камала Харис.

Сепак, значителен број поранешни именувани Трамп одржуваа добри односи со него и би можеле повторно да се појават во значајни улоги во следната администрација.

Покрај тоа, оние што би можеле да се најдат на клучните позиции вклучуваат сегашни и поранешни членови на Конгресот, како и бизнис-лица кои ја поддржаа неговата кампања, како што е основачот на SpaceX, Илон Маск.

Претседателските кандидати обично формираат преодни тимови долго пред крајот на изборите за да добијат силен почеток во процесот.

Џо-Ен Сирс, нерезидентен соработник во Центарот за претседателски и конгресни студии, служеше во транзиционите тимови на поранешниот претседател Џорџ В. Буш и републиканскиот претседателски кандидат во 2012 година, Мит Ромни.

Таа изјави за Гласот на Америка дека била во контакт со членовите на транзицискиот тим на Трамп и очекува тие да разгледаат широк опсег на кандидати кога ќе ги разгледаат потенцијалните назначувања.

„Слушам од луѓето во транзиција дека навистина сакаат да ги донесат најдобрите и најпаметните во Вашингтон“, рече Сирс. „И тоа значи дека тие ќе дојдат од целата земја - нема да бидат само Њујорк или Вашингтон“, рече таа.

„Мислам дека тој ќе се обиде да донесе луѓе кои се вистински експерти во нивните области, без разлика дали се работи за национална безбедност, домашна безбедност или технолошки решенија за да се насочи владата, што мислам дека ќе биде една од неговите цели“, потенцираше Сирс.

Бизнис лидери во идната Влада на САД?

Иако Илон Маск одигра голема улога во финансирањето на кампањата на Трамп и сигнализираше отвореност за служење на некаков вид комисија чија цел е да ја направи федералната влада поефикасна, се чини малку веројатно е дека тој има официјална функција во Кабинетот.

Маск е веќе извршен директор на неколку компании кои имаат договори од повеќе милијарди долари со федералната влада, вклучувајќи ја и ракетната компанија SpaceX.

Ова создава мрежа од потенцијални конфликти на интереси што би ја отежнале потврдата во Сенатот. Се вели дека дел од комбинациите се и неколку личности од светот на инвестициите и финансиите.

Џон Полсон, милијардер, менаџер на инвестициски фондови, кој го поддржува Трамп уште од првата кампања на новоизбраниот претседател во 2016 година, наводно се разгледува за министер за финансии.

Беше кажано и дека Скот Бесант, менаџер на инвестициски фонд и советник на кампањата на Трамп, се разгледувал за позицијата шеф на Одделот за финансии. Еден од лидерите на транзицискиот тим на Трамп, Хауард Лутник, извршен директор на фирмата за финансиски услуги Кантор Фицџералд, е можен кандидат за позицијата за креирање на економската политика.

Џејми Дајмон, претседател и извршен директор на JP Morgan Chase, долго време се шпекулира како потенцијален секретар за финансии.

Сепак, неодамнешните извештаи во медиумите сугерираат дека тој не е заинтересиран за работата.

XS
SM
MD
LG