Линкови за пристапност

Портрет на Доналд Трамп, републикански кандидат за претседател на САД


Портрет на Доналд Трамп, републикански кандидат за претседател на САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:07 0:00

За нешто повеќе од девет години, поранешниот и можеби иден претседател Доналд Трамп ја преобликува Републиканската партија. Тина Трин од Гласот на Америка го разгледува обидот на Трамп за Неконвенционалниот пат до претседателската функција.

„Сега можеме да заклучиме дека поранешниот потпретседател Џо Бајден е избран за претседател на САД“, рекоа водителите на една од американските телевизии во 2020 година и тоа требаше да биде крај на тогашните избори.

Но, тогаш, Доналд Трамп, 45-тиот претседател на САД, не беше подготвен да го признае поразот.

„Ако ги преброите законските гласови, јас сум победникот. Ако ги преброите незаконските гласови, може да се обидат да ни ги украдат изборите“, изјави Трамп.

Трамп ги повика поддржувачите да го спречат Конгресот да ги потврди тие резултати на 6-ти јануари 2021 година.

„Се бориме како пекол. И ако не го направите тоа, нема повеќе да имате земја“, кажа од говорница пред насобраните симпатизери.

Она што резултираше беше сцена која претходно беше незамислива во Америка која доведе до негов втор импичмент. Неподготвеноста на Трамп да прифати „не“ за одговор беше вообичаена за човек кој отсекогаш ја отфрлал конвенцијата.

„Мислам дека она што го гледате е некој кој има неверојатна доверба во сопствената интуиција“, смета Рас Бутнер од „Њујорк Тајмс“.

Рас Бутнер и Сузан Крег се истражувачки новинари на Њујорк тајмс и коавтори на „Среќен губитник“, неласкав поглед на тоа како Трамп се обликувал себеси во милијардер.

„Од раните 80-ти, тој навистина не им верува на луѓето кои имаат експертиза за предметна област во речиси сè. Тој секогаш ќе ги отфрли за да ги направи работите онака како што тој сака да бидат“, додава Бутнер.

Зградите на Трамп беа испишани со неговото име со големи златни букви, што е приказ на неговата амбиција и самопромоција.

„Тој тогаш вредеше 200 милиони – потоа имаше интервју што го даде за Њујорк Тајмс - и порасна на милијарда кога зборуваше за „60 минути“ една деценија подоцна“, додава Сузан Крег.

Трамп се истакна во привлекувањето на вниманието и негувањето на бренд за себе како договорувач. Тој заработи милиони со лиценцирање на неговото име.

Но, зад успехот стоеја проблеми. Неговите компании поднесоа барање за стечај шест пати. Неговите казина изгубија пари и беа затворени. Трамп отскокна со неговото ТВ шоу кое доведе до неговата најголема улога досега.

„Дами и господа, јас официјално се кандидирам за претседател на САД и ќе ја направиме нашата земја повторно голема“, истакна Трамп.

Без извинувања и без филтер, Трамп беше поларизирачки, националистички кандидат.

„Кога Мексико ги испраќа своите луѓе, тие не го испраќаат најдоброто од себе. Тие носат дрога, носат криминал, тие се силувачи, а некои, претпоставувам, се и добри луѓе“, велеше Трамп.

Како претседател, Трамп назначи тројца судии од Врховниот суд кои помогнаа да се отфрлат федералните права за абортус.

На почетокот на 2020 година, пандемијата го тестираше Трамп. Тој брзо го следеше развојот на вакцини за спасување животи. Но, тој, исто така, се чини дека предложи научниците да ја проучуваат варикината како напиток против вирусот.

Со над 9 милиони заразени Американци и бројот на мртви со над 230.000, гласачите во ноември го избраа Џо Бајден за свој следен претседател.

Надвор од функцијата, Трамп се соочи со повеќе кривични обвиненија и е првиот поранешен претседател кој е кривично осуден. И покрај тоа, тој никогаш не бил попопуларен од сега.

Преживеа два обиди за атентат оваа година, а тоа, само ја зајакнаа врската меѓу него и неговите поддржувачи.

„Господ имал план за Трамп. Тој апсолутно беше поштеден поради некоја цел и причина. И, се надевам дека ќе стане 47-миот претседател на САД“, вели Пем Смит, поддржувачка на Трамп.

Американската политика никогаш не била иста откако Доналд Трамп влезе на теренот. А човекот кој некогаш беше ко-автор, сега можеби е инженерски еден од најголемите во американската историја.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG