Линкови за пристапност

Светските лидери му честитаат на Трамп


Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија заминуваат од бината во Палм бич, Флорида, каде што републиканскиот кандидат пред симпатизерите самиот прогласи победа на изборите во САД, 6 ноември 2024. Гласот на Америка сè уште нема проектирано победник во трката.
Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија заминуваат од бината во Палм бич, Флорида, каде што републиканскиот кандидат пред симпатизерите самиот прогласи победа на изборите во САД, 6 ноември 2024. Гласот на Америка сè уште нема проектирано победник во трката.

Досегашните резултати покажуваат дека Трамп веројатно ќе ја победи својата демократска ривалка Камала Харис. Тоа би значело историски политички камбек за поранешниот републикански претседател по четири години надвор од функцијата. Гласот на Америка сè уште нема проектирано победник во трката.

Светските лидери му честитаа на републиканскиот кандидат Доналд Трамп откако проекциите на медиумите покажаа дека тој е на пат да обезбеди одлучувачка победа на претседателските избори во САД во 2024 година.

Досегашните резултати покажуваат дека Трамп веројатно ќе ја победи својата демократска ривалка Камала Харис. Тоа би значело историски политички камбек за поранешниот републикански претседател по четири години надвор од функцијата.

Гласот на Америка сè уште нема проектирано победник во трката.

Рано утрово, многу светски лидери преку објави на социјалните мрежи, како и во обраќања во живо, му упатија честитки на Трамп, чијшто непредвидлив надворешнополитички пристап „Америка на прво место“ ги комплицира односите со многу сојузници и непријатели на САД за време на неговиот прв мандат.

Билборд со честитки за победа на Доналд Трамп беше поставен во Ерусалим, Израел, на 6 ноември 2024
Билборд со честитки за победа на Доналд Трамп беше поставен во Ерусалим, Израел, на 6 ноември 2024

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху беше еден од првите сојузници на САД кој испрати порака за поддршка, пофалувајќи го „историското враќање“ на Трамп, за кое рече дека нуди „моќна повторна посветеност кон големиот сојуз меѓу Израел и Америка“.

Токму ова е принципот што практично може да го овозможи праведниот мир во Украина
Володимир Зеленски, претседател на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој повика на поголема поддршка од САД и Западот за да се спротивстави на руската инвазија, позитивно зборуваше за, како што рече, посветеноста на Трамп за „мир преку цврстина“.

„Токму ова е принципот што практично може да го овозможи праведниот мир во Украина. Се надевам дека заедно ќе го спроведеме во акција“, рече Зеленски.

Шефот на НАТО, западната воена алијанса која Трамп долго ја критикуваше дека не прави доволно за одбраната на Европа, даде слични коментари во неговата честитка за Трамп.

„Неговото лидерство повторно ќе биде клучно за одржување на нашата Алијанса силна. Со нетрпение очекувам повторно да работам со него за унапредување на мирот преку силно #НАТО“, рече Марк Руте, генералниот секретар на НАТО.

Подготвен сум да работиме заеднички како и во претходните четири години, истакна францускиот претседател Емануел Макрон (Фото: Обраќање на Макрон во Париз, 5 ноември, 2024)
Подготвен сум да работиме заеднички како и во претходните четири години, истакна францускиот претседател Емануел Макрон (Фото: Обраќање на Макрон во Париз, 5 ноември, 2024)

Францускиот претседател Емануел Макрон, исто така, беше меѓу првите кои упатија честитки. Тој истакна дека е „подготвен да работиме заедно како што работевме четири години… со твое и мое убедување“.

Британскиот премиер Кир Стармер рече дека неговата влада стои „рамо до рамо“ во одбрана на заедничките вредности на слободата, демократијата и заедништвото“.

„Од раст и безбедност до иновации и технологија, знам дека специјалниот однос меѓу Велика Британија и САД ќе продолжи да се напредува на двете страни на Атлантикот во годините што доаѓаат“, посочи Стармер.

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен изрази надеж за „вистинско партнерство меѓу ЕУ и САД“ (Фото: Обраќање на Фон дер Лајен од седиштето на ЕК во Брисел, 30 октомври, 2024)
Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен изрази надеж за „вистинско партнерство меѓу ЕУ и САД“ (Фото: Обраќање на Фон дер Лајен од седиштето на ЕК во Брисел, 30 октомври, 2024)

Урсула фон дер Лајен, пак, претседателката на Европската комисија, рече дека „му упатува срдечни честитки“ на Трамп, нагласувајќи го „вистинското партнерство“ меѓу Европската унија и Соединетите држави.

За време на првиот мандат на Трамп, се појавија одредени несогласувања меѓу ЕУ и САД, делумно поради наметнувањето царини од страна на Трамп за европскиот извоз.

Виктор Орбан, премиерот на Унгарија, ја нарече победата на Трамп „најголемото враќање во политичката историја на САД“ (Фото: Орбан на пресконференција во Киргистан, 5 ноември 2024)
Виктор Орбан, премиерот на Унгарија, ја нарече победата на Трамп „најголемото враќање во политичката историја на САД“ (Фото: Орбан на пресконференција во Киргистан, 5 ноември 2024)

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, конзервативен сојузник на Трамп, ја нарече победата на Трамп „најголемото враќање во политичката историја на САД“ и рече дека тоа е „многу потребна победа“ за светот.

Рускиот претседател Владимир Путин не ги коментираше резултатите од изборите во САД. Но, на мрежата Икс, поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев упати саркастични коментари за демократската кандидатка Камала Харис, велејќи „Камала е завршена... нека продолжи да кикоти заразно“.

Азиските лидери, исто така, почнаа да испраќаат честитки.

Австралискиот премиер Ентони Албанес рече: „Австралијците и Американците се големи пријатели и вистински сојузници“.

Индискиот премиер Нарендра Моди му понуди „најсрдечни честитки“ на Трамп, кого го нарече негов пријател.

„Додека ги надградувате вашите успеси од претходниот мандат, со нетрпение очекувам да ја разгледаме нашата соработка за дополнително зајакнување“ на односите САД-Индија, рече Моди.

XS
SM
MD
LG