Линкови за пристапност

Липавски: Чешка прифати 300.000 бегалци од Украина, помошта од Прага ќе се интензивира за Киев


Липавски за Гласот на Америка: „За време на нашето претседателство со ЕУ, сакаме да организираме конференција за донации и помош за Украина“.
Липавски за Гласот на Америка: „За време на нашето претседателство со ЕУ, сакаме да организираме конференција за донации и помош за Украина“.

Во ексклузивното интервју за Гласот на Америка, чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски се фокусираше на поддршката што Чешка ѝ ја пружи на Украина, бидејќи, според него, „Европската Унија не е само економски клуб, туку, можеби уште поважно - заедништво на нации ориентирани кон заеднички вредности“.

Министерот за надворешни работи Липавски, се осврна на аспирациите на Украина за членство во ЕУ, пост-воената обнова на Украина, тековната загриженост за растечката моќ на Пекинг, и очекувањата од чешкото претседателство со ЕУ, кое започнува на 1-ви јули.

„Прифативме, 300.000 бегалци. Им обезбедуваме засолниште и основни потреби. Ние сме 10 милиони, и 300.000 бегалци, е доста значајна бројка. Ние се сметаме за водечка држава, во првите редови на кризата, а исто така испраќаме значителна хуманитарна помош за Украина и воена помош, и тоа не е владина акција, но и акцијата во основата цел на украинската помош. . собираат средства и испраќаат навистина значителна сума пари, помош за оружје и хуманитарна помош. И ние и помагаме на Украина политички. Ние се залагаме за Украина во ЕУ, во Европа. Да им помогнеме на Украинците со овие европски амбиции и посакувам Украина да стане членка на ЕУ, изјави шефот на чешката дипломатија Јан Липавски.

Запрашан, за помошта кон Украина во обновата, за реконструкција на таа земја. Од каде би се финансирале тие проекти?

„Искрено, ќе дојдат од Европа, бидејќи ЕУ секогаш помага во вакви ситуации“, изјави Липавски и ги наговести приоритетите за време на шестмесечното претседавање со Унијата кое почнува на 1-ви јули: „За време на нашето претседателство сакаме да организираме конференција за донации. Се разбира, многу земји помагаат, добивме помош од Јапонија, добивме помош од Тајван, САД даваат огромна помош. Значи, ќе се обединат овие средства. Украина е во соседството на ЕУ. Украина ќе добие најголем дел од помошта од ЕУ“, изјави Липавски.

Запрашан како Русија и Кина размислуваат за сферите на влијание, и како тоа што тие го прават дома директно влијае на нивната надворешна политика?

Путин живее во своите советски соништа, бидејќи во советско време бил израснат како офицер на КГБ. Тој навистина верува во тоа. Путин рече дека Украина е создадена од Ленин, што е тотална глупост.
Липавски, министер за надворешни работи на Чешка

„Русија ја разбира силата. Причината, зошто руската армија сега не го окупира Киев е поради тоа што украинските војници ги одвраќаат нападите. Сега, ги сменија своите планови и напаѓаат во источна и јужна Украина во Донбас. Ме прашувате, како се развива политиката во Москва. Тоа е само според империјалистичката визија на Голема Русија. Путин живее во своите советски соништа, бидејќи во советско време бил израснат како офицер на КГБ. Тој навистина верува во тоа. Путин рече дека Украина е создадена од Ленин, што е тотална глупост. Украина е постара од Русија, ако се навратите 100 години наназад“, изјави шефот на чешката дипломатија.

“Путин и московската елита ги следат нивните интереси и во основа ќе направат се што им одговара. Сведоци сме на оваа брутална војна, затоа што, на крајот на краиштата, единственото нешто што навистина го разбираат е брутална сила. Кина е малку поинаква приказна. Чувствувам, дека и тие не сакаат да бидат на губитничката страна на целата оваа работа, и ние внимателно ги следиме кинеските чекори и испраќаме силен сигнал до Пекинг. Многу работи се поврзани и во ситуација кога ќе се соочите со слики од разурнатиот Мариупол или масакр, геноцид, врз населението во Украина, тоа е непосредната закана“.

Според министерот за надворешни работ на Чешка, „не значи дека Кина не е наш ривал, или глобален конкурент, ниту пак, тоа значи дека евентуалните закани од подемот на Кина, веќе ги нема“.

Липавски во интервјуто за Гласот на Америка наговести дека Кина сака да го промени меѓународниот поредок.

“Путин го напаѓа меѓународниот поредок и поредокот заснован на правила со многу брутална акција против Украина. Кина има поинакви средства, пософистицирани, но сепак, тие имаат оваа визија за светот заснована на нивните сопствени визии, па, затоа треба да бидеме внимателни и да бидеме подготвени да се спротивставиме на Кина на нејзиното менување на меѓународниот поредок, преку Обединетите нации, на пример“, изјави Липавски.

XS
SM
MD
LG