Линкови за пристапност

Американски и европски дипломати ќе почнат да се враќаат во Украина


Американските дипломати ќе почнат да се враќаат во Украина оваа недела, а САД испраќаат поголема воена помош за да и помогнат на Украина против Русија, додека високи американски претставници денеска ветија дека ќе продолжат да ја поддржуваат Украина и да ги мобилизираат другите нации да придонесуваат.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен им рече на новинарите во Полска по посетата на Киев заедно со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин дека додека Русија се обидува да „брутализира“ делови од Украина, „Украинците стојат цврсти, и тие го прават тоа со координирана поддршката буквално од целиот свет“.

САД обезбедуваат дополнителна воена помош на Украина со понапредно оружје и системи за противвоздушна одбрана.

Од почетокот на инвазијата САД насочија околу 3,4 милијарди долари за Украина и повеќе од 4,3 милијарди долари од почетокот на администрацијата на Бајден.

Враќањето на американските дипломати прво ќе биде во западниот град Лавов, а дури подоцна во Киев, процес за кој Блинкен рече дека може да потрае неколку недели.

Неколку земји-членки на Европската унија и НАТО исто така ги враќаат своите дипломати во Киев.

Враќањето на странските дипломати се смета за знак за некаква безбедност во Украина по речиси два месеци од руското гранатирање и бомбардирање.

XS
SM
MD
LG