Линкови за пристапност

САД ја испраќаат помошта во Украина за три дена, рече Блинкен


Државниот секретар на САД, пред Комитетот за надворешни односи на Сенатот, рече дека ја забрзале испораката на помошта за Украинците, што на почетокот траело недели
Државниот секретар на САД, пред Комитетот за надворешни односи на Сенатот, рече дека ја забрзале испораката на помошта за Украинците, што на почетокот траело недели

САД и нивните сојузници денес сигнализираа дека се движат уште побрзо и помоќно за да ги поддржат украинските сили во борбата против двомесечната инвазија на Русија.

Државниот секретар Ентони Блинкен, денес, пред Комитетот за надворешни односи на Сенатот, рече дека на САД на почетокот им биле потребни недели за да преместат воена опрема и муниција во Украина, но нагласи дека сега често им испраќаат ново вооружување на Украинците во рок од три дена.

Блинкен рече дека откако тој и министерот за одбрана Лојд Остин се сретнале со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев за време на викендот, двете земји се „во голема мера усогласени во она што тие велат дека им треба и што мислиме дека можеме да го обезбедиме“.

Германија денес првпат сигнализираше дека ќе испрати тешко оружје во Украина, почнувајќи со пратка од 50 противвоздушни системи, според Блумберг.

Москва го обвини Западот дека спроведува прокси војна против Русија со испраќање повеќе муниција во Украина и предупреди на „значителен“ ризик борбите да прераснат во нуклеарен конфликт.

XS
SM
MD
LG