Американскиот претседател Џо Бајден авторизираше уште 800 милиони американски долари воена помош за Украина во четвртокот, изјавувајќи дека е неопходно да им се помогне на силите на Киев да ги одбијат руските војници во критичните битки што се одвиваат во источниот регион на земјата.
„Овој пакет вклучува тешко артилериско оружје, десетици хаубици и 144.000 парчиња муниција“, рече Бајден во краткото обраќање од Белата куќа.
Бајден рече дека новата помош, покрај уште еден пакет од 800 милиони американски долари најавен минатата недела, „речиси“ го исцрпува овластувањето на Конгресот за американска воена помош за Украина. Но, претседателот рече дека наскоро ќе побара од Конгресот уште повеќе пари за украинските сили.
Бајден рече дека САД и нивните западни сојузници остануваат обединети во нивната решеност да ѝ помогнат на Украина во борбата против осум-неделната инвазија на рускиот претседател Владимир Путин.
„Најважно е да го држиме светот заедно“ против Русија, рече Бајден.
Тој вети дека Путин „никогаш нема да успее да ја окупира цела Украина. Путин не успеа да ги оствари своите големи амбиции на бојното поле. Киев сè уште не е потклекнат“, рече претседателот.
Нова помош за бегалците
Во други мерки поврзани со војната, Бајден рече дека испраќа 500 милиони долари за Украина во нова економска помош, рационализирајќи ги хуманитарните напори за бегалци за да им се овозможи на Украинците кои побегнаа од разорот на војната во својата татковина да се преселат побрзо во САД ако сакаат. Тој најави и забрана сите руски бродови на американските пристаништа.
Претходно во четвртокот, рускиот претседател Владимир Путин им нареди на своите сили да не напаѓаат во фабриката за челик во украинскиот град Мариупол, каде што последните преостанати украински сили се задржани во пристаништето на северниот брег на Азовското Море.
Путин му рекол на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу дека руските сили треба да ја блокираат фабриката за челик „за да не може да мине мува“, и дека ако се продолжи со планот за упад на локацијата, непотребно ќе ги ризикува руските војници.
Се претпоставува дека повеќе од 100.000 Украинци се уште се во Мариупол, каде што живееле 400.000 луѓе пред Русија да ја нападне Украина, на 24 февруари.