Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека какви било мировни преговори за Украина најверојатно ќе пропаднат, споредувајќи ги преговорите со рускиот претседател Владимир Путин како преговори со крокодил, објави Ројтерс.
Џонсон рече дека справувањето со Путин е како кога „крокодил ви ја има ногата во вилица“ и рече дека е од витално значење Западот да продолжи да ја вооружува Украина.
Украина и Русија не одржаа мировни разговори лице в лице уште од 29. март.
Џонсон патува за Индија за да го охрабри својот колега Нарендра Моди да стави крај на неутралноста во врска со војната во Украина.
Рускиот претседател Путин денес им нареди на неговите сили да не напаѓаат во фабриката за челик во украинскиот град Мариупол, каде што се задржани последните преостанати украински сили.
Путин му рекол на Сергеј Шојгу, неговиот министер за одбрана, дека руските сили треба да ја блокираат централата „за да не може да помине мува“, и дека ако се продолжи со планот за упад на локацијата непотребно ќе ги ризикува руските трупи.
Шојгу му рекол на Путин дека има 2.000 украински војници во фабриката Азовстал, но дека остатокот од Мариупол, клучен пристанишен град, е „ослободен“.
Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук побара Русија да дозволи евакуација на цивилите и ранетите.