Линкови за пристапност

Путин вели дека западните санкции против Русија не успеале


Тоj вели дека санкциите имале контраефект за САД и нивните европски сојузници, забрзувајќи ја инфлацијата и доведувајќи до пад на животниот стандард
Тоj вели дека санкциите имале контраефект за САД и нивните европски сојузници, забрзувајќи ја инфлацијата и доведувајќи до пад на животниот стандард

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека западните санкции против Русија не успеале, објави Асошиетед прес.

Путин денес рече дека Западот „очекувал брзо да ја наруши финансиско-економската ситуација, да предизвика паника на пазарите, колапс на банкарскиот систем и недостиг во продавниците“.

Рускиот лидер истакна дека „Русија го издржа притисокот без преседан“, тврдејќи дека рубљата зајакнала и оти земјата забележала историски висок трговски суфицит од 58 милијарди долари во првиот квартал од годината.

Тоj вели дека санкциите имале контраефект за САД и нивните европски сојузници, забрзувајќи ја инфлацијата и доведувајќи до пад на животниот стандард.

Путин го призна наглото зголемување на потрошувачките цени во Русија, велејќи дека тие се зголемиле за 17,5 отсто од април на годишна основа и ја насочи Владата да ги индексира платите и другите плаќања за да го ублажи влијанието на инфлацијата врз приходите на луѓето.

Официјални лица во западна Украина изјавија дека при денешните ракетни напади во Лавов загинале најмалку седум луѓе.

Регионалниот гувернер на Лавов Максим Козисткиј рече дека три проектили ја погодиле воената инфраструктура, додека друг удрил во продавница за поправка на автомобилски гуми.

На други места во земјата, напорите за евакуација на цивили од конфликтните области денес беа прекинати втор ден по ред.

„Со кршење на меѓународното хуманитарно право, руските окупатори не престанаа блокирање и гранатирање на хуманитарни рути“, рече вицепремиерката Ирина Верешчук во соопштението на социјалните мрежи.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги обвини руските сили за „намерен терор“ со минофрлачки и артилериски напади врз станбени населби во Харков.

XS
SM
MD
LG