Линкови за пристапност

САД, Канада и Обединетото Кралство го напуштија состанокот на Г20 поради присуството на Русија


САД и другите членки на Г20 ја повикаа Индонезија, која сега е претседавач со организацијата, да ѝ забрани на Русија да учествува на состанокот поради нејзината инвазија на Украина
САД и другите членки на Г20 ја повикаа Индонезија, која сега е претседавач со организацијата, да ѝ забрани на Русија да учествува на состанокот поради нејзината инвазија на Украина

Официјалните претставници од САД, Канада и Обединетото Кралство, го напуштија состанокот на групата на најголеми економии Г20, во знак на протест против одлуката да им се дозволи на руските претставници, вклучително и на министерот за финансии Антон Силуанов, да учествуваат на состанокот.

САД и другите членки на Г20 ја повикаа Индонезија, која сега е претседавач со организацијата, да ѝ забрани на Русија да учествува на состанокот поради нејзината инвазија на Украина.

Фактот дека на Русија ѝ беше дозволено да учествува ги истакнува значајните поделби во организацијата во решавањето на војната во Украина.

Иако Украина не е членка на Г20, на состанокот беа поканети да присуствуваат украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба и министерот за финансии Серхи Марченко.

Во забелешките на почетокот на седницата, Кулеба вети дека Украина нема да ѝ отстапи територија на Русија како дел од мировните преговори.

И Кулеба и Марченко го напуштија состанокот.

Силуанов предупреди да не се политизира дијалогот меѓу земјите-членки, велејќи дека тоа може да ѝ наштети на глобалната економија.

XS
SM
MD
LG