За време на првиот состанок на кабинетот претседателот Доналд Трамп ја бранеше одлуката за намалување на големината на работната сила на американската влада. Покрај очекувања за заштеди, одлуката донесе и противењето на отпуштените федерални работници. Известува Вероника Балдерас Иглесијас.
„Епл“ објави инвестиција од 500 милијарди долари во САД и 20.000 нови работни места, сигнализирајќи ја својата про-американска страна. Најавата доаѓа после намерите на Трамп да ги зголеми царините кон Кина, каде се произведуваат голем дел од уредите на „Епл“. Известува Мишел Квин.
Имиграцијата и економијата беа меѓу приоритетите на американските гласачи. Но, како Американците се чувствуваат сега за американската економија еден месец по претседателствувањето на претседателот Доналд Трамп?
Специјалниот агент Клинт Хил, член на Тајната служба назначен да го заштити претседателот Џон Ф. Кенеди, денот кога беше убиен во Далас, Тексас, почина на 93-годишна возраст. Известува Кејн Фарабо.
Според истражување, еден од сто Американци го продава својот дом поради спротивни политички ставови со соседите. Но, нова апликација за недвижнини им овозможува на купувачите да ја дознаат политичката определеност на потенцијалниот сосед пред да купат куќа или стан. Известува Дора Мекуар.
Вчитај повеќе