Линкови за пристапност

Трамп ја паузираше американската помош за Украина


Војници подготвуваат борбено возило за прекуокеански транспорт на 25 јануари 2023 година во Јужна Каролина
Војници подготвуваат борбено возило за прекуокеански транспорт на 25 јануари 2023 година во Јужна Каролина

Претседателот на САД Доналд Трамп ја прекина помошта за Украина, објави Белата куќа доцна вчера.

„Претседателот беше јасен дека е фокусиран на мир“, изјави висок функционер на администрацијата за Гласот на Америка преку имејл.

Официјалното лице не го именуваме, како што е вообичаено при разговори со новинари.

„Потребно ни е и нашите партнери да бидат посветени на таа цел. Ја паузираме и ја разгледуваме нашата помош за да осигураме дека таа придонесува за решение“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето ноќно обраќање вчера, рече дека на неговата земја ѝ треба „вистински, праведен мир“, како и безбедносни гаранции за да осигура дека Русија повторно нема да ѝ се заканува на Украина во иднина.

„Токму недостигот на безбедносни гаранции за Украина пред 11 години ѝ дозволи на Русија да започне со окупацијата на Крим и војната во Донбас“, рече Зеленски.

„Потоа, отсуството на безбедносни гаранции ѝ овозможи на Русија да започне целосна инвазија. И сега, бидејќи сè уште нема дефинирани безбедносни гаранции, Русија е таа што ја продолжува оваа војна“.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, изјави за новинарите денес, дека прекинот на воената помош на САД за Украина е најдобриот придонес за каузата за мир и дека тоа може да помогне да се поттикне Украина да се вклучи во мировниот процес.

На Трамп му беше посочено во понеделникот дека договорот за ретки минерали е клучен за континуираната американска поддршка на Украина и рече дека ќе објави соопштение за тоа денес кога ќе зборува пред заедничката седница на Конгресот.

Ким Луис придонесе за овој текст. Некои информации се од АП, Франс-прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG