Линкови за пристапност

Зеленски вели дека е подготвен да работи со Трамп на мировни преговори


Украинскиот лидер во изјава рече дека неговите разговори со Трамп и потпретседателот Џеј-Ди Венс „не поминаа како што требаше да биде. Време е работите да се исправат. Би сакале идната соработка и комуникација да бидат конструктивни“.
Украинскиот лидер во изјава рече дека неговите разговори со Трамп и потпретседателот Џеј-Ди Венс „не поминаа како што требаше да биде. Време е работите да се исправат. Би сакале идната соработка и комуникација да бидат конструктивни“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес рече дека неговата земја е подготвена да преговара за крај на тригодишната руска војна против Украина „што е можно поскоро“ и дека ќе „работи под „силното раководство“ на американскиот претседател Доналд Трамп за да се постигне мировен договор.

Зеленски рече дека неговата средба со Трамп во Белата куќа минатиот петок била за „покајување“ и дека тој останува подготвен да потпише договор што на САД ќе им даде значителни, долгорочни права на ретките минерали на Украина потребни за американското производство на технолошки производи.

Во објавата на Икс, украинскиот лидер во изјава рече дека неговите разговори со Трамп и потпретседателот Џеј-Ди Венс „не поминаа како што требаше да биде. Време е работите да се исправат. Би сакале идната соработка и комуникација да бидат конструктивни“.

Трамп му нареди на Зеленски да ја напушти Белата куќа, а договорот за минерали остана непотпишан.

Венс изјави за Гласот на Америка во вторникот:

„Ние веруваме дека е во најдобар интерес на Русија, но и во најдобар интерес на Украина и САД, да се стави крај на овој конфликт“.

Зеленски рече дека првата фаза од секое примирје во борбите „може да биде ослободување на [руските и украинските] затвореници [секоја земја ги држи] и примирје на небото - забрана за ракети, дронови со долг дострел, бомби на енергија и друга цивилна инфраструктура - и примирје во морето веднаш, ако Русија го стори истото“.

„Тогаш сакаме да се движиме многу брзо низ сите следни фази и да работиме со САД за да се согласиме на силен финален договор“, рече тој.

Но, постигнувањето мировен договор може да се покаже тешко.

Украина долго време бараше обновување на нејзините меѓународно признати граници од 2014 година пред Москва еднострано да го заземе украинскиот полуостров Крим.

Севкупно, Русија сега држи околу една петтина од украинската територија, вклучително и голем дел од источна Украина, и вети дека нема да врати ништо од неа на владата во Киев.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, изјави за новинарите во вторникот дека прекинот на воената помош на САД за Украина е најдобриот придонес за каузата за мир и дека тоа може да помогне да се поттикне Украина да се вклучи во мировниот процес.

Трамп во понеделникот рече дека договорот за ретки минерали е клучен за континуираната американска поддршка на Украина и рече дека ќе објави соопштение за ова прашање денес кога ќе зборува пред заедничката седница на Конгресот.

Трамп рече дека ќе објави соопштение за ова прашање денес кога ќе зборува пред заедничката седница на Конгресот.

Катерина Лисунова од Гласот на Америка придонесе за овој извештај. Некои информации се од АП, Франс-прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG