Линкови за пристапност

 
Венс: Се наоѓаме во момент, каде ниту Европа, ниту САД, ниту Украинците не можат да ја продолжат оваа војна на неодредено време

Венс: Се наоѓаме во момент, каде ниту Европа, ниту САД, ниту Украинците не можат да ја продолжат оваа војна на неодредено време


Претседателот Зеленски дека треба да каже дека е посветен на мирот, изјави потпретседателот на САД Џеј Ди Венс.
Претседателот Зеленски дека треба да каже дека е посветен на мирот, изјави потпретседателот на САД Џеј Ди Венс.

Гласот на Америка на украински беше дел од новинарите кои што му поставија прашања на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс во Конгресот за најновите настаните со војната во Украина, привременото запирање на воената помош од САД кон земјата, но и што значи оваа одлука за силите на терен.

Глас на Америка: Дали е можно паузата на помошта за Украина да им дава предност на Русите?

Важно е сите да дојдат на маса, а претседателот се обидува да испрати многу експлицитна порака: Украинците мора да дојдат на маса и да почнат да преговараат со претседателот Трамп.
Џеј Ди Венс, потпретседател на САД

Џеј Ди Венс: Погледнете што претседателот многу јасно кажа за нашата политика кон Украина е дека сака Украинците да дојдат на преговарачка маса. Сакаме Украинците да имаат суверена и независна земја. Мислиме дека украинските трупи се бореа многу храбро, но сме во момент каде ниту Европа, ниту Соединетите Држави, ниту Украинците не можат да ја продолжат оваа војна на неодредено време. Значи, важно е сите да дојдат на маса, а претседателот се обидува да испрати многу експлицитна порака: Украинците мора да дојдат на маса и да почнат да преговараат со претседателот Трамп.

Глас на Америка: Дали мислите дека е можно да се постигне договор за клучните минерали со Украина во овој момент?


Џеј Ди Венс: Да, секако дека (договорот за минерали може да се постигне). Мислам дека претседателот сè уште е посветен на договорот за минерали. Мислам дека слушнавме некои позитивни работи, но сè уште нема потпис од нашите пријатели во Украина. Договорот за минерали е навистина важен дел од политиката на претседателот. Број еден, американскиот народ мора да добие одредено враќање за неверојатните финансиски инвестиции што ги направивме во оваа земја. Голем дел од помошта што ја испратија Европејците дојде во форма на пари што им се враќаат. Навистина е смешно, и искрено, навреда за американскиот народ, што Европејците добиваат подобар договор од американскиот народ. Претседателот само се обидува да увери дека американскиот народ ќе добие фер договор, а истовремено со тоа имаме пристап до некои минерали и ресурси кои се многу важни за економијата во иднината.

Глас на Америка: - Досега изгледа како голем притисок врз Украина, но не и голем притисок врз Русија. Дали очекувате да направите можеби, повеќе санкции кон Русија или какви било други чекори, за да извршите притисок врз двете страни доколку сакате да ги имате на преговарачка маса?

Ние веруваме дека е во најдобар интерес на Русија, но и на Украина и на Соединетите Држави е да се стави крај на овој конфликт.
Џеј Ди Венс, потпретседател на САД

Глас на Америка: Мислам дека тоа не е точно. Ние сè уште имаме голем број санкции што им се наметнуваат на Русите. Ние веруваме дека Русите економски се погодени поради овој конфликт. Ние веруваме дека е во најдобар интерес на Русија, но и на Украина и на Соединетите Држави е да се стави крај на овој конфликт. Ние, веруваме во примена на притисок врз сите, за да се запре крвопролевањето, бидејќи таква е политиката на претседателот и тоа е во најдобар интерес на американскиот народ.

Глас на Америка:: Дали Зеленски треба да го промени ставот или да направи нешто друго за да се врати на преговорите?

Џеј Ди Венс: Мислам дека најважното нешто, многу луѓе го кажаа ова за јавните изјави на претседателот Зеленски дека треба да каже дека е посветен на мирот или претседателот Зеленски треба да му се извини на претседателот Трамп. Ни требаат Украинците приватно да дојдат кај нас и да кажат: ова ни треба. Ова е она што го сакаме. Вака ќе учествуваме во процесот за ставање крај на овој конфликт. Тоа е најважно, а тоа што не загрижува најмногу е недостатокот на ангажман.

XS
SM
MD
LG