Американскиот претседател Доналд Трамп утре планира да воведе нови царини за производи кои се извезуваат во САД од Канда и Мексико, но секретарот за трговија Хауард Лутник вчера рече дека тие можеби нема да бидат толку како што планираше Трамп, царини од 25 отсто.
„Ситуацијата не е стабилна“, рече Лутник за емисијата „Sunday Morning Futures“ на Фокс Њуз.
„Во вторник ќе има царини за Мексико и Канада. Какви ќе бидат тие, ќе го оставиме тоа на претседателот и неговиот тим“, рече тој.
Коментарите на Лутник беа првиот показател дека администрацијата на Трамп можеби нема да ги наметне целосните царини од 25 отсто што ги објави минатата недела за сите стоки од Мексико и увозот без енергија од Канада, тврдејќи дека двата соседи на САД сè уште не прават доволно за да го запрат протокот на нелегални дроги во САД.
Тој рече дека Мексико и Канада „завршиле разумна работа“ обезбедувајќи ги своите граници со САД, иако смртоносната дрога фентанил продолжува да влегува во земјата.
Трамп прво ги објави царините пред еден месец, но потоа го одложи датумот на нивното стапување на сила откако мексиканската претседателка Клаудија Шеинбаум објави дека ќе испрати 10.000 војници на северната граница на Мексико со САД за да го спречи протокот на наркотици, а канадскиот премиер Џастин Трудо рече дека ќе именува „главен човек за фентанил“ за да се справи со проблемот.
Трамп утре, исто така, додава уште една царина од 10% за кинески стоки, удвојувајќи ги давачките од 10% што ги воведе на 4 февруари. Трамп ја обвини Кина како извор на трговија со фентанил во САД.
Во објавувањето на новите царини минатата недела, Трамп рече: „Дрогата сè уште се влева во нашата земја од Мексико и Канада на многу високи и неприфатливи нивоа. Голем процент од овие дроги, голем дел од нив во форма на фентанил, се направени и обезбедени од Кина“. Тој го наведе ова на неговата платформа „Truth Social“.
Шејнбаум, чија економија зависна од трговија испраќа 80% од својот извоз во САД, минатата недела рече дека Мексико „очекува да постигне договор со САД“ пред да стапи на сила новата давачка, во спротивно, може да воведе одмазднички тарифи за американските производи извезени во Мексико.
Кога Трамп за првпат ги објави високите американски царини за канадски увоз на почетокот на февруари, Трудо рече дека тоа е „целосно неоправдано“ и вети дека ќе воведе данок од 25% почнувајќи од 12 март за американските производи од челик и алуминиум што се извезуваат во Канада. Канада е главен извозник на двата метали во САД.
Економистите велат дека царините што ги наметнува Трамп веројатно ќе ги зголемат малопродажните цени за потрошувачите и трошоците за материјали за бизнисите. Мексико, Канада и Кина, по тој редослед, се трите најголеми национални трговски партнери со САД, иако колективно, 27-члената Европска унија е поголема од сите три поединечно.
Трамп, минатата недела на првата средба на кабинетот во неговиот нов претседателски мандат рече дека „многу наскоро“ ќе објави царина од 25 отсто за извозот од ЕУ во САД.