Линкови за пристапност

Нов тренд во САД: Пред купување дом, ја проверуваат политичката определеност на соседите


Нов тренд во САД: Пред купување дом, ја проверуваат политичката определеност на соседите
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:39 0:00

Според истражување, еден од сто Американци го продава својот дом поради спротивни политички ставови со соседите. Но, нова апликација за недвижнини им овозможува на купувачите да ја дознаат политичката определеност на потенцијалниот сосед пред да купат куќа или стан. Известува Дора Мекуар.

Повеќето купувачи на куќи ги запознаваат луѓето што живеат во соседството откако ќе се вселат во новиот дом. Но, новата апликација за недвижнини Оизи им овозможува на купувачите да ги научат политичките наклонетости на нивниот потенцијален сосед пред да купат недвижен имот.

„Целта на Оизи е да ги демократизира податоците за купувачите во нивното искуство за пребарување куќа“, вели Дариан Кели, ко-основач на „ Оизи“.

Оизи - новата апликација за недвижнини што се тестира во Њујорк и Флорида со намера да се прошири на национално ниво - го прави тоа со обезбедување информации од јавните записи. На крајот, купувачите ќе можат да видат дали нивниот потенцијален нов сосед е регистриран демократ или републиканец.

„Да бидам појасен: „Кога ќе се преселам таму, да знам дека тоа се луѓе што би можел да ги поканам на вечера, тип на луѓе со кои ќе го воспитувам моето дете“, додава Кели.

„Изгледа дека луѓето се грижат за политичкиот идентитет на нивните нови соседи, така што не сум изненаден што некоја компанија сега ги продава тие информации или ги дава тие информации на потенцијалните купувачи“, истакнува Бен Мeкартни од Универзитетот во Вирџинија.

Бен Мекартни е коавтор на студија во која се вели дека сопствениците на куќи, малку веројатно е дека ќе се отселат ако политичките ставови на новиот сосед се разликуваат од нивните, отколку новодојдениот сосед да е поврзан со нивната политичка партија.

„Политичката поларизација не е само феномен на социјалните медиуми, туку влијае и на реалните економски одлуки“, додава Мекартни.

Студијата покажа дека 1 од 100 Американци е политички мотивиран. Луѓето кои најверојатно ќе се преселат поради оваа причина имаат тенденција да бидат помалку вклучени во политиката, според Мeкартни.

„Тие не сакаат политиката да биде дел од нивното секојдневие, но потоа добиваат нов сосед и тој нов сосед не само што е многу политички гласен, туку и е поврзан со спротивната партија, и таму гледаме дека се појавуваат најголемите тензии“, смета Мекартни.

Но, дали овој вид на апликација ќе помогне да се продлабочи политичкиот јаз во Америка? Ко-основачот на Оизи, го отфрла тој поим.

„Ние им даваме на луѓето податоци и информации за да ја контролираат сопствената судбина и да прават што сакаат со тие информации. Податоците веќе постојат“, вели Кели.

Наведената цел на Оизи е полесно да се најдат тие јавни информации.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG