Ветувањето на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за брзо завршување на војната во Украина предизвикува загриженост кај соседите на Русија. Во Естонија, некои стравуваат дека договорот за ставање крај на војната може да ја зајакне Москва. Известува Рикардо Маркина.
Германскиот производител на автомобили Фолксваген планира да направи масовни кратења, што доведе и до штрајк на работниците. Кризата во Фолксваген е уште еден симптом на продлабочување на проблемите во германската економија. Известува Рикардо Маркина
Руската опозиција во егзил бара да организира заедничка стратегија додека го чека новоизбраниот претседател Доналд Трамп да ги исполни своите предизборни ветувања за ставање крај на војната на рускиот претседател Владимир Путин со Украина. Известува Рикардо Маркина.
Русија го загуби главниот сојузник на Блискиот исток со падот на Башар Ал-Асад, сметаат аналитичари. Кремљ беше клучен поддржувач на Асад во бруталните обиди неговата влада да ги победи бунтовниците, а тоа може да ѝ отежне на Москва да ја врати својата позиција во Сирија. Известува Рикардо Маркина
Москва ја чека инаугурацијата на Доналд Трамп во услови на ескалација на воените тензии со Украина и западните сили по употребата на Кремљ на нова ракета со нуклеарна способност против украинските позиции
Москва ја чека инаугурацијата на Доналд Трамп во услови на ескалација на воените тензии со Украина и западните сили по употребата на Кремљ на нова ракета со нуклеарна способност против украинските позиции. Известува Рикардо Маркина.
Берлин стана центар на руската опозиција после инвазијата врз Украина. Членовите на руската само-прогонета опозиција планираат марш в недела со барање за повлекување на руските трупи од Украина, гонење на Путин како воен злосторник и ослободување на сите политички затвореници.
Берлин стана центар на руската опозиција после инвазијата врз Украина. Прогонетите членови на руската опозиција планираат марш в недела со барање за повлекување на руските трупи од Украина, гонење на Путин како воен злосторник и ослободување на сите политички затвореници. Рикардо Маркина од Берлин.
Во Русија започнува новата учебна година, трета откако почна војната на Москва во Украина. Рикардо Маркина јавува за, како што велат критичарите, милитаризација на образованието преку воведување нови теми, кои го објаснуваат и оправдуваат нејзиниот целосен напад врз Украина.
Германија издаде налог за апсење на украински државјанин за нападот врз гасоводот „Северен тек“ кој пренесува природен гас од Русија до ЕУ. Прашање е дали украинската влада била вмешана во нападот во 2022 година, за кој се вели дека создал глобален скок на инфлацијата. Известува Рикардо Маркина. .
Нападот со пукање врз популистичкиот премиер на Словачка минатиот месец ги истакна поделбите во Централна Европа, регион кој стана особено поларизиран по големата руска инвазија на Украина. Известува Рикардо Маркина.
Руски воени бродови пристигна во кубанските води за да извршат заеднички маневри со кубанските вооружени сили – посета за која Москва и Хавана уверуваат дека не претставува закана за регионот. Но, западните влади ситуацијата ја следат внимателно. Известува Рикардо Маркина.
Од почетокот на руската инвазија на Украина, Кремљ спроведува кампања на репресија против локални и странски новинари, вклучително и преку заплашување, закани, протерувања и апсења. Известува Рикардо Маркина.
Гласачите во шпанскиот регион Каталонија им дадоа јасна победа на приврзаниците на унијата со Шпанија по години на сепаратистички тензии. Рикардо Маркина во Барселона ги разгледува причините зад овој пресврт.
Именувањето на економист од страна на рускиот претседател Владимир Путин за негов нов шеф на одбраната е знак дека се подготвува неговата скапа војна во Украина да трае уште подолго, велат аналитичарите. Извештај на Рикардо Маркина.
Москва избегна да го осуди нападот на Иран против Израел, повикувајќи ги израелските лидери на воздржаност. Аналитичари велат дека Кремљ го избрал Иран како претпочитан партнер и дека ја напуштил деликатната дипломатска рамнотежа што ја негувал со децении во регионот. Известува Рикардо Маркина.
Поминаа повеќе од шест месеци откако азербејџанските сили го презедоа Нагорно Карабах, предизвикувајќи егзодус на 100.000 етнички Ерменци. Многу од нив сега живеат во Ерменија, но се надеваат дека ќе се вратат, додека преговорите меѓу Ерменија и Азербејџан продолжуваат. Известува Рикардо Маркина.
Естонија оваа година ја прогласи Москва за државен спонзор на тероризмот и го протера рускиот амбасадор. Сега, заканата од руска агресија ја поттикнува Естонија повторно да ја разгледа својата историја и да ги научи младите за опасностите од тоталитаризмот. Извештај на Рикардо Маркина.
Вчитај повеќе