Објавата на рускиот претседател Владимир Путин до светот во ноември дека Русија истрелала хиперсонична ракета со нуклеарна способност кон Украина покрена дополнителни прашања за тоа зошто ескалацијата се случува на само неколку недели од трансферот на власта во Вашингтон.
Генерал Сергеј Каракаев, началник на руските стратешки ракетни сили, ги истакна деструктивните способности на новиот проектил.
„Врз основа на поставените задачи и опсегот на ова оружје, тоа може да достигне цели низ цела Европа“, вели Каракаев.
Путин рече дека истрелувањето на руските проектили било одговор на дозволата на администрацијата на Бајден во заминување - Украина да истрела проектили доставени од Америка длабоко на територијата на Русија. Тој рече дека тоа има цел да покаже дека Русија може да нападне далеку во територијата на НАТО, ако сака.
Набљудувачите велат дека ракетните напади се дел од стратегијата и на Русија и на Украина да покажат сила и да стигнат до преговори на најсилна можна основа. Кремљ го обвинува американскиот претседател во заминување Џо Бајден дека ги саботирал напорите на новоизбраниот претседател Доналд Трамп да посредува за брз крај на војната, како што вети Трамп за време на неговата кампања.
Тие обвинувања, Русија ги упати и претходно.
Оваа војна веќе стана нова нормална за руската елита, која сака да продолжи бидејќи генерира економски растВладислав Иноземцев, Центар за стратешки и меѓународни студии
„Се разбира, во 2016 година, првите недели на Трамп во Белата куќа, во однос на неговите планови за нормален дијалог со Руската Федерација, беа поткопани во голема мера. Не исклучувам има мотив да се наруши состојбата и сега“, вели Сергеј Лавров, рускиот министер за надворешни работи.
Но, некои во Вашингтон велат дека Русија не е заинтересирана за запирање на војната, со или без Доналд Трамп во Белата куќа.
„Оваа војна веќе стана нова нормална за руската елита, која сака да продолжи бидејќи генерира економски раст. И ако престане, што, ќе се случи? Што ќе прават луѓето кои сега се на чело на хиерархијата?“, смета Владислав Иноземцев од Центарот за стратешки и меѓународни студии.
Во меѓувреме, новата анкета на Аналитичкиот центар Јуриј Левада во Москва сугерира дека руското јавно мислење се чини дека се менува во корист на преговорите за ставање крај на војната во Украина.
Низ руската граница во Украина, неодамнешното истражување на Галуп открива дека во просек 52 отсто од анкетираните Украинци би сакале нивната земја да преговара за крај на конфликтот што е можно поскоро.
Тоа може да придонесе за заложбата на Трамп да го протурка својот план и да ги натера двете страни да преговараат за примирје и покрај сегашната ескалација.