Офицерите од естонската, британската и француската армија ja надгледуваат границата со Русија во естонскиот регион Нарва, слика со напнатост, која потсетува на други времиња.
Маневрите што овие три членки на НАТО ги спроведуваат овде имаат за цел да го подготват за одговорот од копнена инвазија на московските сили.
„За Естонците, ова е нивна земја, нивна територија, тие треба да знаат дека ние ќе се бориме за нив - каде и да треба“, вели мајорот Крис Пајмен од Британските вооружени сили.
Естонија е силен поддржувач на Украина и има загриженост за намерите на Русија.
Таа загриженост се зголеми по извештаите во вестите кои ги цитираа советниците на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп како приватно и јавно изјавиле дека размислуваат за планови кои вклучуваат мир во Украина со размена на територија.
Тимот на претседателот Трамп се огради од овие тврдења. Сепак, извештаите предизвикаа загриженост кај естонските власти.
„Од наша перспектива, ако Украина не може да влезе во преговорите од позиција на сила и Русија може да добие територија, тоа ќе постави многу лош преседан во однос на европската безбедност и дополнително ќе ја охрабри Москва да преземе други чекори во Европа за да го предизвика НАТО“, вели Лис Муре, дипломатка од Естонија.
Естонија е главен придонесувач во НАТО, трошејќи 3,4 отсто од својот БДП на Алијансата, а нејзините лидери се согласуваат со новоизбраниот претседател Трамп во барањето членките на НАТО да го зголемат својот придонес.
На улиците на Талин, заложбата на Трамп за ставање крај на војната во Украина предизвикува мешани реакции.
„Слушнав дека би можеле да намалат дел од средствата што одат во Украина, што е навистина загрижувачки“, смета Маријана Ногма, студентка.
„Се надевам дека со него војната може да заврши и односите меѓу земјите да се подобрат, а не да се влошат“, додава Тина Сорокина, со руско потекло.
„Мислам дека тој нема да направи многу големи промени. Затоа што може многу да зборува, но тој всушност не може да го спречи Путин да изврши инвазија“, вели музичарот Ото Тамкири.
Од двете страни на границата меѓу Естонија и Русија, постојат големи прашања за тоа што ќе донесе 2025-та и новата американска администрација за исходот на војната во Украина и каква е иднината на другите соседи на Русија.
Facebook Forum