Линкови за пристапност

Промената на шефот на руската одбрана најавува долга војна со Украина


Промената на шефот на руската одбрана најавува долга војна со Украина
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:51 0:00

Именувањето на економист од страна на рускиот претседател Владимир Путин за негов нов шеф на одбраната е знак дека се подготвува неговата скапа војна во Украина да трае уште подолго, велат аналитичарите. Извештај на Рикардо Маркина.

Неодамнешните прослави на Денот на победата го одбележаа последниот пат кога Сергеј Шојгу се појави во јавноста како министер за одбрана на Русија. Три дена подоцна, Владимир Путин го смени од функцијата и го замени со технократ, економист кој беше заменик министер на Путин и кој многумина го посочуваат како еден од архитектите на отпорот на руската економија кон западните санкции.

Аналитичарите сметаат дека ова е знак дека Путин се подготвува за војна која станува подолга и поскапа за одржување. Рускиот лидер, некои велат, сака да ја постави својата војна на здрави финансиски основи на долги патеки.

„Сега кога Русија удобно се подготвува за оваа долга војна, тие сакаат да се уверат дека ќе биде прифатлива и затоа економист е најдобриот човек да го направи тоа”, вели Кеир Гилс од Чатам Хаус.

Американските власти проценуваат дека војната во Украина веќе ја чини Русија повеќе од 200 милијарди долари.

Промените доаѓаат откако руските сили започнаа масовен нов напад во североисточниот регион Харков во Украина, каде рускиот притисок принудува повлекување на украинските трупи и евакуација на цивили.

Офанзивата е уште еден знак дека Москва не се подготвува за мир.

„Путин се обидува подобро да го искористи буџетот за одбрана. Така што, не мислам дека тоа на некој начин значи дека ќе има некои промени кога е во прашање стратегијата на Путин во Украина”, Натија Сескурија од РИСС.

Путин штотуку го започна новиот шестгодишен претседателски мандат. Промените имаат за цел да обезбедат неговата скапа војна да продолжи да трае во она што ветува дека ќе биде долг, последен дел.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG