Линкови за пристапност

Москва избегна да го осуди нападот на Иран против Израел


Москва избегна да го осуди нападот на Иран против Израел
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:09 0:00

Москва избегна да го осуди нападот на Иран против Израел, повикувајќи ги израелските лидери на воздржаност. Аналитичари велат дека Кремљ го избрал Иран како претпочитан партнер и дека ја напуштил деликатната дипломатска рамнотежа што ја негувал со децении во регионот. Известува Рикардо Маркина.

Кремљ реагираше на иранскиот напад врз Израел и со дипломатија и со одмазда. Портпаролот на Владимир Путин Дмитриј Песков, даде изјава по телефон, како што пренесува агенцијата Ројтерс.

„Крајно сме загрижени поради ескалацијата на тензиите во регионот. Ги повикуваме сите земји во регионот на воздржаност“, изјави Песков.

Рускиот претставник во Обединетите нации Василиј Небензја даде посилна изјава, ставајќи ја одговорноста за секое натамошно зголемување на тензиите врз Израел и Западот.

„Ги забележуваме сигналите дадени од Техеран дека не бараат понатамошна воена ескалација против Израел, и ги повикуваме Западот и Ерусалим да го следат примерот и да ја отфрлат практиката на провокативна употреба на сила на Блискиот Исток“, изјави Небензја.

Во објава на социјалните мрежи, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, го критикуваше секое очекување дека Русија ќе го осуди Иран за овој напад, додека Израел, рече таа, не ги критикуваше украинските напади врз територијата на Русија. Израел ја осуди целосната инвазија на Русија на Украина.

Аналитичарите велат дека војната во Украина ја натерала Москва да се откаже од она што тие го опишуваат како нејзина претходно умерена позиција на Блискиот Исток, одлучувајќи сега да покаже јасна поддршка за Техеран.

„Вистината е дека Москва многу внимателно ги контролираше и одмеруваше односите со сите сили на Блискиот Исток и тоа сега, мислам, е минато. Причината поради која тоа се промени е контекстот на војна во Украина, каде што Русија го сака она што го сака, ѝ треба она што ѝ треба и е подготвена едноставно да ги жртвува односите за да го постигне тоа“, вели аналитичарот Џејмс Никси.

Како што гледаат набљудувачите, се чини дека Русија зазела страна во конфликтот на Блискиот Исток, сигнализирајќи зголемено влијание на нејзината целосна инвазија на Украина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG