Линкови за пристапност

Протерани руски граѓани планираат протест во Берлин против Путин


Протерани руски граѓани планираат протест во Берлин против Путин
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:13 0:00

Берлин стана центар на руската опозиција после инвазијата врз Украина. Прогонетите членови на руската опозиција планираат марш в недела со барање за повлекување на руските трупи од Украина, гонење на Путин како воен злосторник и ослободување на сите политички затвореници. Рикардо Маркина од Берлин.

Последните големи демонстрации против руската војна во Украина се одржаа на улиците на Москва во средината на 2022 година. Оттогаш Кремљ започна масовна полициска акција која ги потисна понатамошните демонстрации.

Опозициските активисти ја напуштија земјата, а многу од нив го избраа германскиот главен град Берлин за нов дом. Таму тие повторно се слободни да го кажат своето мислење, а тоа им е планот за во недела.

„Внатре во Русија, за жал, денес нема можност да се одржи таков марш. Да се зборува против Путин и против војната, да се каже НЕ за Путин е неможно. Да се каже гласно дека Владимир Путин е крвав диктатор, дека додека Путин е на власт, војната ќе продолжи“, вели Олга Галкина, организаторка на протестниот марш.

На чело на маршот ќе бидат препознатливите личности на опозицијата како што се Путиновиот критичар Владимир Кара-Мурза и прогонетиот политичар во егзил Илја Јашин.

Ќе учествува и Јулија Навалнаја, која неодамна изјави за британскиот радиодифузер дека има за цел да ги следи стапките на нејзиниот покоен сопруг Алексеј Навални, кој беше де факто лидер на руската опозиција до неговата смрт во руски затвор во февруари.

„Ако се вратам во Русија, ќе учествувам на изборите“, вели Навалнаја.

Демократската опозиција во Русија е историски поделена. Но, сега, велат, организаторите на маршот, тие ги оставаат своите разлики настрана и стојат заедно против Путин.

„Засега сите имаме една заедничка цел: Владимир Путин да биде казнет како воен злосторник, а војната во Украина да заврши што е можно поскоро“, вели организаторката Галкина.

Маршот ќе се одржи под облакот на страв меѓу руските прогонети дисиденти поради претстојниот трансфер на власта во САД.

Организаторите се загрижени дека предизборното ветување на новоизбраниот претседател Доналд Трамп за ставање крај на војната во Украина може да ја зацементира власта на Путин и да го зајакне неговото владеење.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG