Протестот се одржа под мотото „Ние работниците“, при што еден од главните рефрени што можеа да се чујат во текот на маршот беа стиховите „Имаш ти, немам јас“ од песната „Неправда“. Минимална плата од 450 евра, беше едно од барањата
Минимална плата од најмалку 450 евра, исплата на трошоците за храна, на трошоците за превоз, почитување на правата, побараа работниците кои обединети од повеќе синдикати излегоа на протестен марш денеска низ Скопје, по повод 1-ви Мај, Меѓународиот ден на трудот.
Трансферот на Палевски, кој е осомничен за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“ на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, останува дополнително да се договори
Се работи за возила од марките „мерцедес“ и „сканија“ што биле во употреба во Норвешка, а во македонската армија преминуваат како дел од НАТО-соработката. Целта, како што беше истакнато на церемонијата, е да се зголеми мобилноста на македонските воени лесни пешадиски единици
Се работи за возила од марките „мерцедес“ и „сканија“, од кои повеќето биле во употреба во Норвешка. Донацијата е во рамките на НАТО-соработката, а со цел да се подобри мобилноста и можностите за транспорт кај македонската армија, како дел од Алијансата.
Според првичните резултати од ДИК, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО – ДПМНЕ освоила 326.310 гласа или 39,95%. Кандидатот на СДСМ, пак, Стево Пендаровски освоил 162.678 гласови или 19,92%. Оваа разлика, според изјавите и на самите кандидати, не била во целост очекувана.
Се роди третата политичка сила во македонскиот политички блок, којашто имаме намера во следниот период дополнително да ја потврдиме и надоградиме со цел еден ден граѓаните да имаат можност да бираат нешто ново, истакна Димитриевски
Бидејќи ништо не функционира, да почне државата да функционира, здравството, образованието, судството“, вели жителка на Скопје со која разговаравме откако го оствари своето гласачко право на седмите по ред претседателски избори
Мирна атмосфера, без поголеми чекања и брзо спроведување на постапката. Таква слика видовме низ гласачките места во скопската општина Аеродром, која е една од најбројните. Во слична атмосфера се одвива гласањето и низ другите гласачки места на денешниот прв круг од седмите претседателските избори
Поради новонастаната ситуација со документите за лична идентификација граѓаните денес можат да гласаат со важечки документ за лична идентификација, со лична карта и патна исправа со старото уставно име на државата „Република Македонија“
Останување на патот кон ЕУ, но не до бесконечност, отворање за инвестиции од Русија и Кина, но и задржување на блиските односи со САД како стратешки партнер, иако се најде на т.н. Црна листа на американскиот Стејт департмент, посочува кандидатот Јакимовски.
Јас се кандидирам за претседател и претседателот мора да мисли за државата. Не може заради т.н. црна листа јас да ја мразам цела Америка. Најнормално е дека ние ќе соработуваме со САД. Тие се воедно гарант за постоењето на Република Македонија, вели претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски
Сакајќи да им излезат во пресрет на инвеститорите, сакајќи тие згради што побргу да ги стават во промет или што побргу да ги стават во изведбен процес, некогаш се случува да има и скокање на некои од чекорите за контрола, вели Влатко Шешов, првиот човек на ИЗИИС, во разговор за Гласот на Америка.
Тројца работници се приведени на распит во полиција во врска со пожарот во кој изгоре дел од Универзална сала, еден од симболите на Скопје. Работниците биле во објектот за време на пожарот. Две жени од соседството биле пренесени на Клиника за токсикологија поради вдишување густ чад од пожарот.
Тројца работници се приведени на распит во полиција во врска со пожарот во кој изгоре дел од Универзална сала, еден од симболите на Скопје. Работниците биле во објектот за време на пожарот. На две жени од соседството им е дадена медицинска помош поради вдишување густ чад од пожарот.
До сега имало ситни проблеми, искра од кабел и слично, но сме ги санирале. Предупредувавме дека вакво нешто може да се случи“, изјави Лазар Арсоски од фирмата-изведувач „Универзал-Балкан“ вклучена во реконструкцијата на Универзална сала во Скопје
Вчитај повеќе